Offside

Кошаркарите на Минесота повторно го совладаа Денвер Нагетс, овојпат 112:96 и се на само чекор да ги исфрлат Нагетс од доигрување за титулата и пласман во полуфинале на Западната конференција во НБА.

Шоу на Кутињо и Васко да Гама, Нејмар плачеше од мака

Васко де Гама немилосрдно го прегази Сантос на гости со 0:6. Издвојуваме две мајстории, едната на Давид Кореа да Фонсека, другата на Филипе Кутињо. Нејмар не можеше да се помири.

Му поништија мераклиски гол на Милер во новиот клуб

Томас Милер за прв пат облече друг дрес, а да не е оној на Баерн Минхен. И веднаш можеше да блесне, уште на дебито за Ванкувер против Хјустон, меч кој заврши 1:1. Но, немаше среќа, бидејќи оној кој му асистираше беше во офсајд позиција. А убав гол ќе беше.

Фина комбинација и атрактивен финиш од слободен со Хулк како асистент

Ова ретко се гледа. Хулк да има слободен удар и да ја подаде. Ама да ти имал другарче во Атлетико Миниеро по име Густаво Скарпа, кое исто така може да се пофали со силна левица.

Ечи Бисер Балкански во сала, одбојкарите одат на Европско

Одбојкарската селекција на Македонија ја оствари целта. Ја совлада Грузија и со тоа обезбеди пласман на ЕП 2026, четврто во низа, кое ќе се игра во Бугарија, Финска, Италија и Романија. Избраниците на Јошко Миленковски триумфираа убедливо со 3-0 (25-13, 25-16, 25-17), а потоа традиционално славеа со „Бисер Балкански“, нивната омилена патриотска песна.

Првиот натпревар на Ливерпул посветен на Диого Жота и брат му

Стартот на новата сезона во Премиер лига е во знакот на трагичниот загинатиот Диого Жота и брат му Андре Силва. Ливерпул ја отвори сезоната пред свои навивачи, победи 4:2 против Борнмут

Ришарлисон веќе го има голот за најавни шпици во Премиер лигата

Фудбалерите на Тотенхем имаа убаво отворање на новата сезона и покрај болниот начин на губење на трофејот во Супер Купот во средата. Го совладаа Барнли со 3:0. Два гола даде Ришарлисон, кој експлодираше со бомбастична атракција.

Добро е, жив е

Веројатно го видовте видеото кое го објавивме вчера од Индонезија, каде прослава на гол се претвори во несреќа, а истовремено и енигма за исходот на несреќниот стрелец. Се појави видео од друг агол. Не била баш наивна дупката.

Будалаштина од додавање на Јокиќ

Србија ја совлада Чешка со 113:84 во полуфиналето на пријателскиот турнир во Минхен, наречен 4 и со тоа се пласираше во финалето, во кое ќе се сретне со Германија. Човек веќе не знае што да очекува следно од Никола Јокиќ. Многу луд пас.

Македонски бисери во прв тим на Црвена звезда, едниот дебитираше

Во пресрет на баражот за пласман во елитната Лига на шампиони против кипарскиот шампион Пафос, тренерот на српскиот првак Црвена звезда Владан Милојевиќ реши да го смени речиси целиот тим за првенствениот дуел против Младост Лучани. Белграѓани победија а дебитираше млад македонски фудбалер.

Две бугарски ремек дела во рок од 4 минути

Не можеме да ги допратиме голчиштата од синоќешните натпревари во еврокуповите. Налетавме на две од мечот меѓу Арда од Бугарија и Кауно Жалгирис од Литванија. Бугарите одат во плејофот од КЛ после триумф од 2:0, остварен со мајсториите на Димитар Велковски и Светослав Ковачев во 8 и 12 минута. Кој од кој поубави.

Најсериозниот кандидат за гол на сезоната и од друг агол

Веќе го објавивме неверојатниот гол на Шкотланѓанецот Кирон Боуви од Хиберниан на мечот против Партизан кој заврши 2-3 за гостите. Сега и од друг агол.

Кога Адриано му рече на Сидорф помести се

На 14-ти август 2001-ва година, Интер му гостува на Реал Мадрид на пријателски натпревар во чест на трофејот „Сантијаго Бернабеу“. Во 85' минута од мечот тренерот Марчело Липи го вади од игра Бобо Виери и го става 19-годишниот Бразилец Адриано.

Магична контрола на топка на шпански фудбалерки

Каква прецизност, каква елеганција, каков стил и брзо ослободување од топка. Шпанска женска репрезентација во футсал на меч против Јапонија.

Како воопшто имал храброст да ги снима?

Возиш на автопат и наеднаш ти се појавуваат 200 маскирани луѓе со палки. Снимкава налик сцена од хорор филм е од Белград по мечот меѓу Црвена Ѕвезда и Лех Познан. Делии напаѓаат полски навивачи после натпревар.

Убавината на фудбалот во најтешки моменти

Голманот на белгискиот нисколигаш Јонг Генк, Брент Стивенс имал деби во професионалниот сениорски фудбал само една недела откако го изгубил татко му. После минута молк пред дуелот со РФЦ Лиеж, сите противнички играчи дошле да го гушнат и да му изразат сочувство. Во текот на натпреварот одбранил пенал па ривалските навивачи му аплаудирале и му честитале.

Презимето ти значи црвено, не сакаме да слушнеме, ќе ти стои само име

Еднаш поранешен македонски репрезентативец, одличен фудбалер, раскажал анегдота дека кога отишол на проба во белградски Партизан, на тренинг се појавил со црвени шорцеви. Го вратиле моментално а тренерот му рекол: „Јас дома патлиџан не јадам зошто е црвен, ти со црвени шорцеви ми доаѓаш“. Нешто слично го снашло и некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Бока.

Конте збесна на пријателска со Олимпијакос

На пријателски натпревар како генералка пред новата сезона, на стадионот во Кастел Ди Сангро Наполи го совлада Олимпијакос 2-1. Антонио Конте влезе во терен бесен после еден старт на противнички играч.

Арапите се запознаа со левицата на Тео

По 6 години, Тео Хернандез го напушти Милан и од минатиот месец е член на Ал Хилал за кој потпиша и Дарвин Нуњез, а староседелци се Милинковиќ Савиќ, Митровиќ, Кулибали, Жоао Кансело и Малком. Почна да ја загрева левицата, на што Инѕаги сигурно се радува.

Европска катастрофа за Хајдук, елиминирани се со голчиште во Тирана

Партизан и Хајдук останаа без пласман во групна фаза во Конференциската лига, после порази во продолженијата. Србите од Хиберниан, а Хрватите пак се посрамотија со Динамо Тирана. Првиот меч го добија со 2:1, а синоќа загубија со 3:1 и покрај тоа што беа фаворити. За издвојување е пододокот на Еридон Чардаку. Ова е 15-та елимининација во низа за Хајдук во квалификациите за Европа.

Прослава на гол која не е баш за радување

Коментарите се мајтап до мајтап. Еден вели дека паѓал пола саат, а друг дека ова му е последен гол во кариерата. Трет па го бара на саундракот на СуперМарио.

Што лоб ќе беше ова?

Хиберниан и Партизан одиграа драматичен натпревар во реваншот од 3.квалификациско коло во КЛ. Србите дадоа гол во 95-та за победа од 1:3 и продолженија после поразот од 2:0, но елиминирани се со погодок во 100-та минута. Да одиме директно на главното, а тоа е голчиштето на вечерта, дело на Кирон Боуви, кој цел стадион го фрли во делириум.

Можеби најјакиот гол во кариерата на Давор Шукер

Хрватската фудбалска легенда има 286 гола во кариерата. Од нив 90 му се за Севиља во периодот 1991-1996. Еден од нив е нешто посебно, а го постигна против Ботев Пловдив во Купот на УЕФА. „Во модерниот фудбал би му ја подал на тој лево, кој ќе ја нафрлеше и оваа магија не би постоела“, вели еден од коментарите.

Женскиот фудбал да ти бил многу агресивен

Има епизоди во женскиот фудбал кои не се гледаат ниту во машкиот. Грубост, дуели, тешки фаули...