Лига Европа: Динамо Загреб со Генк, Црвена звезда во Франција

Веднаш по извлекувањето на паровите за бараж за осминафинале во Лига на шампиони каде имаше комична ситуација и Реал Мадрид повторно падна со Бенфика каде ќе гостува по неверојатниот гол на голманот Трубин, се извлекоа и парови за бараж за 1/8 финале во Лига Европа.

Најголемо внимание привлекува дуелот меѓу Фенербахче и англискиот премиерлигаш Нотингем Форест кој е воедно и двократен европски првак на времето. Првиот натпревар ќе се игра во Истанбул за каде е и закажано големото финале на Лига Европа на 20-ти мај.

Болоња повторно ќе игра против норвешки Бран со кого вкрсти и во лигашкиот дел и одиграа 0-0 на „Ренато Дал'Ара“ во Болоња.

Од регионалните шампиони, Динамо Загреб ќе игра против белгиски Генк а Црвена звезда доби тежок противник, француски Лил против кого веќе играше еднаш на „Рајко Митиќ“ стадионот во Белград и победи 1:0.

ЛИГА ЕВРОПА, ПАРОВИ ЗА 1/16 ФИНАЛЕ:

ЛУДОГОРЕЦ - ФЕРЕНЦВАРОШ
ДИНАМО ЗАГРЕБ - ГЕНК
СЕЛТИК - ШТУТГАРТ
БРАН - БОЛОЊА
ПАНАТИНАИКОС - ВИКТОРИЈА ПЛЗЕЊ
ПАОК - СЕЛТА ВИГО
ФЕНЕРБАХЧЕ - НОТИНГЕМ ФОРЕСТ
ЛИЛ - ЦРВЕНА ЗВЕЗДА

Првите натпревари се закажани за 13 февруари, а на 19-ти февруари ќе се играат реваншите.

30 јануари 2026 - 13:21