Offside

Некогашниот македонски репрезентативец Илија Несторовски кој врвот на кариерата го имаше во италијански Палермо каде од коло во коло даваше голови против големите италијански клубови, сега после неколку повреди се врати во Хрватска од каде го трасираше фудбалскиот пат. Игра за Славен Белупо и тоа како игра.

Едно од најјаките торпеда на сезоната во ЛШ е дело на Драгомир

Пафос од Кипар ја растури Славија Прага со 4:1, победа со која заврши 26-ти на табела, што значи не продолжуваат понатаму. Влад Драгомир го има голчиштето на колото. Страшен проектил.

Рашфорд со мангупски слободен

Голманот веројатно мислеше дека ќе нафрла, но Маркус Рашфорд ја свитка онаму каде што голманот многу тешко наоѓа начин да ја скроти. Голчиште за Барса- Копенхаген конечни 4:1.

Мурињо скокаше од радост со детето што собира топки

Бенфика приреди чудесија од финиш во последното коло од ЛШ. Со помош на голманот го урна Реал со 4:2 во 98-ма минута, резултат кој ги носи во нокаут фаза, а Реал во доигрување наместо директно во осминафинале. Жозе ко Жозе. Во делириум беше на крај.

Ди Марија мајсториште и на 38 години

Анхел Ди Марија од лани игра дома во родниот Росарио. На 14 февруари полни 38, ама години ич не му се познаваат. Погледнете го како решава акција кога ќе прими топка пред шеснаесетник. Играчиште.

Голманот на Бенфика му даде гол на Реал Мадрид и обезбеди осминафинале

Жозе Мурињо и Бенфика се пласираа во доигрување за осминафинале во Лига на шампиони откако во последното коло на својот „Луж“ со 4:2 го совладаа Реал Мадрид кој ќе мора исто да оди во доигрување наместо директно во 1/8 финале. Голманот Трубин е јунак на Португалците.

Зидан се сретна со другарчињата со кои го прегазија Бразил на Светско

Зинедин Зидан беше дел од хуманитарен натпревар на кој се собраа членови од генерацијата која го доби финалето против Бразил на Мундијалот 1998. Се виде со Жули, Карембе и Блан.

Слободен удар од кој нема потреба ништо да учите

Си биле тројца фудбалери од Австралија кои се обидоа да го збунат голманот. Епилог? Сами себе се збунија.

Катастрофалната судиска грешка на Шведска - Унгарија

Целото ракометно Европско првенство го следат слаби судиски изданија и од коло во коло има спорни моменти. Синоќа на натпреварот Шведска - Унгарија кој заврши нерешено 32:32, на дваесетина секунди пред крај Унгарците тргнаа по победа. Золтан Шита тргна кон казнетиот простор а во него неправилно го блокираше Хампус Ване кој со обете нозе беше во просторот каде не смее да брани. Швеѓанецот му влезе на Унгарецот во дуел и контакт а судиите Роберт Шулце и Тобијас Тонис досудија пробивање иако беше чист, очигледен прекршок во одбрана за пенал и евентуална победа на Унгарците.

Навивачи на Бешикташ по морски пат

Навивачите на гигантот од Истанбул често користат прилика до некое гостување да отидат преку Босфорот, преку морски пат со бродови. Тоа изгледа фасцинантно како сцена од „Пирати од Карибите“.

Падна голот на сезоната во Англија

Во англиската Лига 1, трета дивизија по ред во тамошниот фудбал, Хадерсфилд со 1-0 го победи Лутон Таун иако играше од 29-та минута со играч помалку. Во 48-ма минута Рајан Ледсон постигна НЕВЕРОЈАТЕН ЕВРОГОЛ!

Ѓоковиќ со тениски фер плеј на годината

Новак Ѓоковиќ без борба го доби четвртфиналето протв Лоренцо Музети кој го предаде мечот поради повреда и тоа после водство од 2:0. Во вториот сет Италијанецот во игра на мрежа погоди во аут, но Ѓоковиќ му дофрли на судијата дека го допрел топчето со што му помогна да ја смени одлуката во корист на Музети. Ова ретко се гледа во тенис.

Ѓоковиќ губеше 2:0, но оди во полуфинале

Новак Ѓоковиќ на неочекуван начин ја мина четвртфиналната битка на Австралија опен. Губеше 2:0 во сетови од Лоренцо Музети, кој поради повреда беше приморан да го предаде мечот. „Не знам што да кажам освен дека ми е жал за него. Тој беше далеку подобар играч, а јас бев на пат кон дома. Му посакувам брзо закрепнување и без сомнение требаше да биде победник денес“, изјави Србинот кој во полуфинале ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Бен Шелтон и Јаник Синер.

Голмански автогол на столетието

Имаме нестварни сцени во Куп натпревар во Катар. Извесен Умар Бари од Ал Шамал, го реши мечот со нереален автогол и тоа во 92 минута, откако многу сигурно одбрани проектил топка на противникот.

Паличка е луд, фати жива топка од пенал

Шведска одигра нерешено 32:32 и сега има 5 бода на трето место, исто колку втопласираниот Исланд. Погледнете ја одбранава на 39 годишниот Паличка од седум метри. Неверојатно добро изгледа ова.

Камерманот кој ќе крка два кафетини поради Роналдо

На Португалецот не му одат слободните удари во Саудиска Арабија. Тоест зависи како гледате на тоа. Погледнете ја оваа прецизнос.

Кристијано Роналдо со неартикулирано однесување на корнер

За време на дуелот меѓу Ал Наср и Ал Тавун во 17. коло од првенството на Саудиска Арабија, најдобриот стрелец во фудбалската историја Кристијано Роналдо се однесуваше чудно со противничките фудбалери во шеснаесетник. Прво им викаше дека би ги качил и нив „на ушка“, а потоа славеше победа ко да освоил Светско.

Хрватската ракометна лекција вредна пласман во полуфинале

На денешен ден пред точно 10 години, Хрватите на ЕП имаа ултра тешка мисија, а тоа е победа над домаќинот Полска од неверојатни 11 гола разлика, за пласман во полуфиналето. Резултатот изгледа речиси достижен, но на крај ќе биде 37:23. Бајка.

Поен на денот

И двајцата имаат страшна брзина, луд рефлекс и многу фокус. Поентата е кој ќе издржи повеќе, а ова и за камерманот е проблем да го издржи.

Душебаев шоу со цепелин и проектил

Актуелниот европски првак Франција направи чекор назад во битката за полуфиналето на ЕП, откако загуби од елиминираната Шпанија со 36-32. Издвојуваме две мајстории на Алекс Душебаев.

Кошаркарката која никогаш не скокала а освоила 15 златни медали

Висината од 210 сантиметри и претставувала голем проблем на Уљана Семјонова (1952-202) се додека селекторката на СССР Алексејева не и рекла: „Ти си кралица на кошарката и носи ја круната царски“. Од 15 турнири на Олимписки игри, Светски и Европски првенства освоила ист број златни медали.

Македонската кошарка е многу нестабилна, падна кошот во Куманово

Куманово загуби дома од Чаир. Мечот прво бил прекинат поради лизгав терен, а потоа поради друг посериозен проблем кога е во прашање стабилноста. Урош Луковиќ ја заби топката на загревање без многу сила, а кошот се струполи на земја, цел со се конструкцијата. Инаку зборуваме за реновирана сала, за која беа потрошени повеќе од 2 милиони евра и во која ќе се игра Купот на Македонија.

Ол-Стар забивање, цела сала и Дончиќ се чудеа

ЛА Лејкерс ја забележа и 28-та победа сезонава откако синоќа го разби Чикаго Булс на гостински паркет. Дончиќ одигра уште еден луд натпревар со 46 поени, 7 скока и 12 асистенции, а моментот на вечерта го имаше неговиот соиграч Џексон Хајс по една украдена топка по 8-та тројка на Лука.

Фрлајте од таму колку сакате, јас ќе се напијам пиво

Додека со својот Крузеиро играше на гости кај Атлетико Минеиро и постигна гол за 0-1, Кајо Жорге бил гаѓан од домашните навивачи со пластични чаши. Успеал да дофати една со пивце и да се освежи.

Дефиниција за совршен удар од крило

Данска е неприкосновена светска сила во ракомет и најсериозен кандидат за златото. Не пренесоа бодови во втора фаза поради поразот од Португалија, ама ги совладаа Франција, Шпанија, а синоќа и Германија и работите си дојдоа на свое место. Веќе се полуфиналисти, уште пред скандинавското дерби со Норвешка.