Дончиќ поткривнуваше, отиде до соблекувална, но набрзо се врати и беше најдобар поединец во својата екипа.
Cavs please fix your court.pic.twitter.com/CYruyJVRAc
— Luka Updates (@LukaUpdates) January 29, 2026
„Се исплашив. Не беше баш пријатно чувство. Ако се погледне видеото, мислам дека имав и среќа. Ме боли сега повеќе, но се обидов да терам така“, рекол Дончиќ пред новинарите после натпреварот.
Во 2023-та кошаркарот на Мајами Хит, Дру Смит доживеа тешка повреда на лигаментите на истиот паркет откако незгодно доскокнал во просторот близу клупите каде паркетот е висок.
„Ова беше прво нешто што го помислив. Затоа се преплашив. Единствен терен е што е ваков, така што мислам дека е моја вина и прекинав да скокам така“.
Паркетот во салата во Кливленд на кој се жалат некои кошаркари и тренери:

„Рокет Арена“ во Кливленд не е дом само на Кавалирс во НБА туку и на хокеарскиот клуб Кливленд Монстерс кој настапува во АХЛ лигата. Во текот на сезоната со оглед на тоа што секојдневно се играат натпревари, вработените лица вршат огромна работа за промена на подлогите, час за кошарка час за хокеј. И поради тоа крај паркетот има голем пад.
„Ова е сериозен ризик за играчите. И не сфаќам како може досега така да биде. Може да поднесете официјална жалба но најчесто нема да видите никакви промени“, лут бил тренерот на Лејкерс Џеј-Џеј Редик после мечот.
Пред овој натпревар Кливленд Кавалирс му го пушти на Леброн Џејмс видеото од неговите најубави моменти додека играше за Кавси и им донесе шампионска титула Леброн се расплака.