Луд тенис, Алкараз го совлада Зверев после Танталови маки

Во неверојатен дуел, во најдолго полуфинале во историјата играно цели 5 часа и 27 минути на Грен Слемот во Мелбурн, Карлос Алкараз водеше 2-0 во сетови против Александар Зверев. Германецот по којзнае кој пат одигра неверојатен меч но се испостави дека менталната сила во драматични завршници не му е најсилна страна. Зверев израмни на 2:2 а во решавачкиот петти сет имаше водство 5:3 и меч-топка за победа. Но ја испушти и до крај Алкараз освои 4 гема и славеше 7:5 за пласман во големото финале!

Алкараз во текот на третиот и четвртиот сет играше со големи проблеми со едната нога на која поктривнуваше.

На крајот конечни 3:2 за Алкараз по сетови: 6:4, 7:6, 6:7, 6:7, 7:5!

Ова беше најдолго полуфинале во историјата на Отвореното првенство на Австралија, се играше 5 часа и 27 минути. Трет најдолг меч во историјата на овој Гренд Слем.

 

30 јануари 2026 - 10:15