Ривер Плејт ја совлада Химнасија Ла Плата со 2-0. Гостите играа со играч помалку уште од 13' минута по црвениот картон на Панаро, а домашните тоа го искористија. Два гола даде капитенот и лидер на екипата Хуан Кинтеро од кои едниот прекрасен од слободен удар. Маестрално изведен.