Разно

Новак и ти ли се грееш на дрва?

Ерлинг Халанд пред неколку објави фотка како сече дрва со татко му во Норвешка за на зима. Еве го сега и Ѓоковиќ кој на рамо со татко му носат два тешкаши. Некои медиуми пишуваат дека ова му било само тренинг.

Најјаките 50 секунди билијард во маало

Мислевме дека тоа е спорт во кој нема никаква динамика и навистина таков ни беше ставот се додека не налетавме на видеово. Двајца снема од кадар, а другите двајца легнаа на земја. Неверојатно.

Тениската шампионка која ги намали градите за да може комотно да игра

Долго време најдобрата светска тенисерка, Симона Халеп, која во моментов е број 2 на светската ранг листа, во 2009-та година на свои 17 години носи одлука која што драстично ѝ ја смени кариерата.

Неповторливото финале меѓу Федерер и Ѓоковиќ на кое и двајцата го заслужија пехарот

Да ве потсетиме што правевте лани на овој ден? Седевте 5 часа пред телевизор со препотени раце од возбуда и јанза, кој дали ќе победи вашиот идол од двајцата великани без кои тенисот никогаш повеќе нема да биде ист.

А видовте ли во време на пандемија како даваат пехари во Формула 1?

Формула 1 од оваа сезона воведе робот којшто им ги носи пехарите и другите трофеи на возачите кои ќе се најдат на подиумот, од причина што постојат мерки во борба против вирусот.

Нови бонусни акции во Спорт лајф

За активирање на акциските бонуси потребно е одигрување на најмалку три натпревари на онлајн тикет, со минимална квота по натпревар - 1,40 и минимален износ на online тикетот/ите да е еднаков на износот од внесениот депозит.

Волкановски ја одбрани титулата шампион

Австралискиот борец со македонско потекло Александар Волкановски со крајни напори, многу потешко од претходниот пат го победи Американецот Макс Холовеј на УФЦ 251 настанот на островот Јас кај Абу Даби.

Најсилниот Македонец викендов ќе се бори за нов шампионски појас

Претстојниов викенд на „Боречкиот остров“ ќе се одржи турнирот UFC 251 каде главна борба за титулата во перолесна категорија ќе водат Алекс Волкановски и Макс Холовеј.

Како јагодите станале симбол за аристократија и буржоазија на Вимблдон

Годинава поради тоа што најстариот турнир на светот се одложи поради глобалната пандемија, повеќе од 2 милиони јагоди биле проблем за складирање, па организаторите дел ги донирале, а од дел правеле џем кој ќе се продава кога Вимблдон ќе се игра со публика.

Предраг Русевски е избркан од клубот во кој израсна

Еден од најдобрите македонски тенисери, како и творец на најголемата победа во историјата на нашиот тенис не е повеќе дел од клубот Југ. Го прогласиле за непожелен.

Македонска пливачка тренирала 100 дена во 2 метри базен

Ковидот ги сопре фудбалерите, кошаркарите, ракометарите да не може да играат, но тие барем можеа да тренираат индивидуално, а пливачите останаа само со тренинг на суво кој не им врши работа. Ева се најде махерски и издржа до крај.

Моника Селеш – кралицата на која и беше расипано владеењето

Родена е во Нови Сад во 1973-та, родителите и се Унгарци, а во 1994-та добива и американско државјанство бидејќи се селат таму. Како дете вежбала на мрежа оптегната меѓу две коли на паркинг. На само 19 години испиша историја која се нема повторено во тенисот. Ќе ја продолжеше ако не беше тој насилник.

Најстариот хокеар на светот има 98 години и уште игра

Марк Сертиќ од Минесота е најстариот аматерски хокеар на планетата. Што се однесува до професионалците, рекордот и натаму го држи Горди Хоу кој ја завршил профи кариерата на 52 години и Јаромир Јагра, легендарен Чех кој уште игра на 48 години.

Опасен трик на куглање, ама со две кугли

Добре де бара тренинг ова, мислите дека него од прва му успеало?

Швајцарска шампионка со најчуден допинг случај на нејзиниот коњ

Јавачката од Швајцарија, Надја Петер Штајнер успеала да докаже на суд дека допингот во организмот на нејзиниот тркачки коњ западнал сосема случајно. Спортскиот арбитражен суд (CAS) од Лозана ја оправда и ја повлече суспензијата.

Колку е рекордот на развиена брзина на болид во Формула 1?

Досега сигурно сте слушнале многу комплименти за болидите во Формула 1, дека се многу брзи, технички совршени, компактни и многу други нешта. Но кои се апсолутните бројки во овој спорт?

Самоизолацијата на Зверев

Светскиот тенисер број 7 беше еден од учесниците на Адрија Тур, но и покрај тоа што излезе дека е негативен, Александр вети дека ќе биде во изолација. Да видиме како изгледа тоа во пракса.

Круша под круша паѓа - 5 годишниот син на Кими Раиконен вози па растура

Светскиот Ф1 шампион од 2007-ма година го спрема својот наследник за автомобилизам, па ништо чудно ако еден ден го видиме во Формула 1.

И Ѓоковиќ е позитивен на Ковид 19

Стигнаа резултатите од тестирањето на тенисерот број 1 во светот, кои се сосема очекувани. Заразена е и неговата сопруга Јелена.

Скорсезе снима филм за Тајсон, Џејми Фокс тренира за главната улога

Петнаесет години по крајот на кариерата на Челичниот Мајк, Холивуд конечно реши да снима филм за еден од најголемите боксери во историјата. Идејата постои уште од 2014-та но дури сега ѝ се навратија.

Организирајте уште една Адрија Тур, не фаќа вирусот на тенис

Нема спорт кој не беше стопиран откако почна да се шири. Европско се одложи, потоа Олимијада како планетарен собир, Британците Вимблдон го одложија, традиција стара 140 години. Ама нема ова Балканов е посебно поднебје, а тврдоглав до крај остана и Новак.

Шампионката во уметничко лизгање која снима порно филмови

Најверните следбеници на уметничкото лизгање кои го следеле овој спорт и во 2000-те години, сигурно ја паметат Мелиса Буланхаги, американска лизгачка со филипински корени.