Со технички нокаут Тајсон Фјури го победи Вајлдер во Лас Вегас и по втор пат во кариерата му нанесе тежок пораз. Ова беше крај на нивната трилогија во која во првиот меч беше нерешено, а следните два ги доби Британецот.
Третата борба беше најспектакуларна. Видовме дури пет нокдауни. Фјури два пати беше на подот, а Вајлдер три пати.
Фјури (125,6 кг) до победа против Вајлдер (107,9 кг) дојде со нокаут во 11-та од 12 предвидени рунди. До тој момент и двајцата беа речиси пред колапс и паѓаа на подот.
Британецот имаше кризен момент во првата и четвртата рунда кога Вајлдер тргна во страшни напади со надеж дека брзината му е посилна страна од ривалот. Во четвртата рунда Вајлдер даде максимум, Фјури два пати беше патосиран но се враќаше.
KNOCKDOWN BABY #FuryVsWilder3 pic.twitter.com/rep7ziyWGe
— crystal 🦑 (@crystalchaos953) October 10, 2021
another knockdown 😳 #FuryWilder pic.twitter.com/Lj03babcw2
— crystal 🦑 (@crystalchaos953) October 10, 2021
После тој момент, Тајсон Фјури во целост ја презеде иницијативата, а Вајлдер веќе очигледно изморен, почна да се затвора дефанизвно во аглите.
Подобрата физичка подготвеност Фјури ја искористи во 10. рунда кога со серија силни удари го започна, за да во 11. рунда го доврши ривалот со нокаут од кој Вајлдер не се опорави па судијата досуди крај.
Борба каква што светскиот бокс не памти речиси 20-ина години. Фјури на противникот од САД му задал 148 удари, а Вајлдер 72. Тајсон Фјури првпат во кариерата ја одбрани титулата. Тој е WBC шампион и не знае за пораз во професионалната кариера.
Сега британскиот боксер со ирски корени има голем предизвик: да ги обедини сите титули во дуел со победникот од реваншот меѓу неверојатниот Украинец Александар Усик и долгогодишниот шампион Ентони Џошуа кого Украинецот го здроби на неодамнешниот дуел среде Лондон, и така да постигне нешто што никому во XXI век не му успеало.
The Gypsy King showed heart, grit, and incredible skill.
— Boxing on BT Sport 🥊 (@BTSportBoxing) October 10, 2021
What a fighter @Tyson_Fury is! 🙌#FuryWilder3 showed why he is the best heavyweight on the planet 🌎 pic.twitter.com/fjmxzAr3Lm
As if there were ever any doubt … #AndStill the WBC Heavyweight champion & the baddest man in the fight game. @Tyson_Fury 🏆 pic.twitter.com/WVCKXAO7Zc
— Top Rank Boxing (@trboxing) October 10, 2021