Разно

Шампионски настап на Новак и Лола

Добро, знаеме дека е број 1 тенисер во свет, дека е полиглота, дека го бива за имитирање и слично, ама не може и Симон Трпчевски да биде.

Дали се допре плафонот со светски рекорди и спортот не може против природата

Долго време во повеќе дисциплини стојат рекорди од пред неколку години и никако никој да ги урне. Дали се дојде до максимумот на човековите физички резерви или нешто друго е во прашање.

Офсајд лик на колото: Михаил Антонио од Вест Хем

Ова на колото е некако малку, а не е доволно да се каже ниту на месецот. Веројатно „Офсајд лик на сезоната“ ќе заврши работа и ќе биде адекватно кажано за овие сцени и за историја, но и за сеир.

Олимписка вицешампионка го продала медалот за да собере средства за операција за бебе

Големи натпреварувања раѓаат и големи херои. Таква е сторијата за една полска олимпијка која докажала колку човекот може да биде голем кога е најтешко.

Мајсторе кај ја стави камерата на сред терен

Во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати гледавме руско дерби меѓу Рубљев и Медведев. Првиот фаворит на турнирот и втор тенисер на светот, Медведев во еден момент се удри и ја преврти камерата која беше веднаш позади него. Среќа сите поминаа добро. Судијата се симна да праша како се, а Данил бараше да ја тргнат камерата од тука.

Како разведени родители играа снукер

Марк Ален и Рене Еванс се славни снукер играчи кои се сретнаа на британското првенство во Лестер. Марк победи со 3:2, а пред стартот имаше реакција од публиката како на стадион. Негодуваа бидејќи Рене го одби спортскиот поздрав.

Мајсторски дроп шот кој не може да помине без аплаузи

Конечно нешто добро и сериозно од несериозниот Беноа Пер, роден за кавги со судиите. На Мастерсот во Синсинати, Французинот го елиминираше Денис Шаповалов, а во еден момент му зема поен со страшен спин и го принуди да му честита за ремек делото.

Олимпијада ќе замени златен медал зошто градоначалник го гризел

Загризот на освоен медал стана светски препознатлив потег со кој најчесто се фотографираат олимпијците кои триумфално го завршиле својот натпревар.
 

Волонтерката Тијана му дала пари за такси, стигнал на време и освои златен медал

Една од најневеројатните стории од Летните Олимписки Игри во Токио кои штотуку завршија, е поврзана со една волонтерка по име Тијана Стојковиќ и со Јамајчанецот Хансл Парчмент кој освои златен медал.

А од државата за златен медал еве ти зејтин, прашак, тиква и колбасици

Во последните неколку часа вирална стана фотографијата на која се гледа наградата која што еден кубански златен боксер ја добил од властите.

Татко му на Ѓоковиќ раскажа како барал чаре од лихвари за Новак да игра

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на најдобриот светски тенисер, ретко дава интервјуа, но секогаш има да каже нешто интригантно, особено за кариерата на Новак. На далеку е познат тешкиот почеток на семејството Ѓоковиќ и за тоа од што се морале да се одрекнат и жртвуваат за Ноле да тргне по правиот професионален пат и да стане она што е денес.

А кога газдата на ПСЖ играл тенис на АТП турнир во Германија

Малку луѓе знаат дека сопственикот и претседател на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи се појавил во првото коло на АТП турнирот во Сенкт Пелтен (Австрија) во 1996-та година под знамето на неговиот Катар. Изгубил убедливо од првиот носител и шампион на Ролан Гарос, Томас Мустер ама бар му освоил еден гем.

Кирјос пак полуде на сред терен

Австралискиот тенисер Ник Кирјос изгуби претпладнево 2-1 во сетови на турнирот во Торонто од Рајли Опелка. За време на тај-брејкот во вториот сет кој Опелка го доби 6-7, Кирјос и се сврте на судијката што не видела како ривалот ја допира мрежата. Пцуеше бесен ко рис.

Најголемиот идиот на Олимпијадата

Тунижанец кој е роден и живее во Франција. Морхад Амдуни. Има 33 години и е толку голем нечовек што на главниот маратон од 42 километри на Олимписките Игри во Токио, на преку 35 степени горештина, како тоа да не е доволно сурово, зема ги избутка сите шишиња со вода, за конкурентите да не може да се освежат и редехидрираат од пеколното темпо.

Како се поздравуваат шахисти во време на вирусна пандемија?

Сигурно и вам ви се случило ова во претходниве месеци. Добро, можда не до толку како овие бистри умови на шаховската табла.

Србија е олимписки шампион во ватерполо, одбрането златото од Рио

Ватерполистите на Србија во големото финале на ЛОИ 2020 во Токио ја совладаа Грција со 13:10 (6:3, 4:2, 2:2, 3:1) и заслужено го одбранија тронот.

Атомски финални дуели, Франција е олимписки првак во одбојка и ракомет

Каков ден за францускиот спорт! Олимписко злато во ракомет и во одбојка, бронза во женска кошарка. Најсјајни одличја за „триколорите“ на кои во недела наутро може да им се придружат и ракометарките кои играат во финале против Русија.

Освои ново олимписко злато, нејзините во 2016 добиле струја во селото да ја гледаат на телевизија

Можеби најубава приказна од овие Олимписки Игри во Токио е онаа на Фејт Кипјегон од Кенија. Таа со нов рекорд го освои златниот медал во трката на 1.500 метри и го одбрани златото освоено на претходните ЛОИ во Рио.

Исчезнатиот олимписки првак во бездушниот колос Сахара, изгубил 16 кг за 10 денa

Познат под името Marathon des Sables, Песочниот ултра-маратон важи за најтешка трка на Земјината топка. Шест-дневен ултрамаратон кој се одржува еднаш годишно во пустината Сахара, во јужниот дел на Мароко. Овој ултрамаратон важи за пеколно тежок предизвик.

Дојде и тој ден, Доктор Валентино Роси ја завршува кариерата

На прес-конференција во Шпилберг, Австрија, каде ќе се вози следната Мото ГП трка, легендарниот Италијанец објави дека по крајот на актуелнава сезона од која има уште 10 трки, ја завршува својата богата кариера.

Неверојатниот скок на 14-годишна Кинеска која ги запрепасти сите и освои злато

Кинеската тинејџерка Цјан Хонгчан која се натпреварува во скокови во вода, во четвртокот освои златен медал по епски скок во турнирот 10 метри платформа.

Ревија евроголови, бронзен медал за Влатко Андоновски

Женската фудбалска репрезентација на САД која важеше за голем фаворит за златото на Олимпијадата во Токио, на крајот ќе се задоволи со бронзениот медал откако претпладнево ја совладаа Австралија сo 4-3.

13-годишно девојче освои бронза во скејтбординг, лани едвај преживеала

На 4 август во Токио се одигра женскиот турнир во скејтбординг во дисциплината парк. Првите две места им припаднаа на 19-годишната Сакура Јошоцуми (златен медал) и 12-годишната Кокона Хираки (сребрен медал).

Деветто место за Јованоска на Олимписките Игри

Прилепчанката Пуликсенија Јованоска дебитираше на олимпискиот карате турнир, односно во дисциплината кати која за првпат во историјата се придружи на олимписките спортови. 9-то место за нашата претставничка која се обрати до јавноста.