Разно

Поделени првите медали во „кралицата на спортовите“

На осмиот натпреварувачки ден од Олимписките игри во Лондон започнаа и натпреварите во атлетика, а веќе се доделени и два медали. Мајкл Фелпс освои уште едно злато, 17-годишната Миси Френклин собори светски рекорд, а злато освои и 15-годишната Кејти Ледецки.

Федерер против Мареј за прво олимписко злато

Швајцарецот Роџер Федерер во реприза од финалето на Вимблдон против Енди Мареј ќе се обиде својата колекција на трофеи да ја збогати со единственото нешто што му недостасува во неговата кариера - златен медал од Олимписки игри.

Потфрли и атлетичарката Ристеска

На седмиот натпреварувачки ден на Олимписките игри во Лондон настапи и нашата единствена атлетичарка, Христина Ристеска која исто како и пливачите, не успеа да истрча ниту приближно на нејзиниот личен рекорд.

Топлес напад и на Олимпијадата во Лондон

Активистките од организацијата „Фемен" не ги поштедија ниту Олимписките игри во Лондон. Тие побараа од Меѓународниот олимписки комитет да ја прекине соработката со исламските земјите кои спроведуваат шеријатски закони.

И бразилските одбојкарки го владеат фудбалот

Сите Бразилци знаат да играат фудбал. Па дури и женските одбојкарки. Доказ за тоа е Фабијана Оливеира и овој неверојатен потег при поразот на Бразил од Јужна Кореја.

Сите пливачи „пуштаат“ во базен

Сигурно отсекогаш сте си го поставувале тоа прашање и конечно поранешната пливачка Карли Гир го има одговорот. Да, сите пливачи уринираат во базен.

Фелпс му се раваншираше на Лохти

Мајкл Фелпс триумфираше на трката на 200 метри мешано и го освои својот 16-ти златен медал и вкуно 20-ти на Олимписките игри. Спортистите од САД денес освоија вкупно шест, а по четирите денови пост, на Британците им тргна и по вчерашните две, денес освоија нови три злата.

Синхронизирано паѓање

На Олимписките игри постојат дисциплините синхронизирано пливање и синхронизирани скокови вода, па зошто не би постоела и дисциплината синхронизирано паѓање?

Шампионски превоз

И додека некој од олимпијците се луксузираат и во Лондон пристигнаа со своите приватни авиони, шампионот во мечување од Венецуела, Рубен Лимардо, остана скромен и по освојувањето на златото.

Симона Маринова убедливо последна

На шесттиот натпреварувачки ден на Олимписките игри во Лондон настапи и нашата втора натпреварувачка, пливачката Симона Маринова која на трката на 800 метри слободно заврши на последното место.

Запознајте ги Лили и Елса

Ако случајно уште има мажи на светов кои се двоумат дали за време на Олимписките игри во Лондон да гледаат женска одбојка на плажа или дигање тегови, нека се запознаат со Шпанките Лилиана Фернандез Стајнер и Елса Бакеризо Мекмилан.

Суспензија за сите учесници во скандалот

Сите осум натпреварувачки во бадминтон кои калкулираа на своите натпревари и не сакаа да победат за да ги избегнат посилните противници во следаната фаза се дисквалификувани!

Конечно и домаќините се израдуваа на злато

Британците имаа огромни очекувања од нивните спортисти пред почетокот на Олимписките игри во Лондон, но стигнаа до првиот златен медал дури на петтиот натпреварувачки ден.

Наместо утринско кафе

Светскиот рекордер на 50 и 100 метри слободно, пливачот Сезар Сиело има чудна рутина за будење на телото пред натпреварите.

Што прават?

Да им ги зумиравме фаците можеби ќе си помислевте дека се фатени на дело при вршење друга работа.

Се „калкулира“ и на Олимпијада

Зачестија скандалите на спортските натпревари, а не останаа имуни ниту олимпијците. Неспортско однесување со „неангажираност" на натпревар за во следната фаза да добијат полесен противник се случи на два натпревари од бадминтон турнирот на Олимписките игри.

Фелпс е најуспешен олимпиец на сите времиња

Со победата на штафетата на САД на 4х200 метри слободно, пливачот Мајкл Фелпс стана најтрофеен олимпиец на сите времиња со 19 освоени медали на Олимписките игри.

Цонга го доби најдолгиот тениски натпревар

Жо Вилфред Цонга и Милош Раониќ го одиграа најдолгиот тениски натпревар во историјата на Олимписките игри на кој Французинот славеше со 25:23 во третиот сет.

Олимпиец или порно ѕвезда?

Џими Кимел им даде тешка задача на луѓето кои беа во публика на неговото шоу. Тие требаше да погодуваат дали личностите на сликите кои им ги прикажа се олимпијци или порно ѕвезди. И како што и се очекуваше, незаинтересираните Американци се изнапромашуваа со одговорите.

Зошто пливачите носат две капи?

Ако ги следите натпреварите во пливање на Олимписките игри во Лондон, веројатно забележавте дека многу пливачи носат две капи. Но зошто е тоа така?

Шарапова заработува најмногу

Руската тенисерка Марија Шарапова осма година по ред се наоѓа на врвот на листата на професионални спортистки со најголема годишна заработка.

Олимписка забава на австралиски начин

Додека повеќето спортисти се забавуваа за време на церемонијата на отворањето на Олимписките игри, австралиските веслачи морале да останат во соба затоа што следното утро имале натпревар. Но кога им завршил натпреварот тие решиле да надокнадат за пропуштеното.

Премиерот е малер

Британците го најдоа малерот на Олимписките игри. Тие го замолија премиерот Дејвид Камерон веќе да не посетува спортски настани затоа што каде и да се појавил тој, нивните спортисти потфрлаат.