Карлин Ајлс е еден од најбрзите спринтери во САД. Само 36 атлетичари од САД имаат подобар резултат на 100 метри. Оваа година истрча 10,24 а има истрчано и 10,13 но со недозволен ветар. Тоа време ќе му беше доволно да влезе во полу-финалето на 100 метри на Олимписките игри во Лондон.
Неговиот животен сон е да настапи на Олимпијада, но оваа година заради големата конкуренција тој не успеа да се избори за место во атлетскиот тим на САД за Олимписките игри во Лондон.
Но тој не се откажа. Ајлс реши да го смени спортот и по само неколку месеци се избори за место во националниот рагби тим на САД.
Рагбито од Олимпијадата во Рио во 2016-та година повторно ќе стане олимписки спорт, па најверојатно Ајлс ќе си го исполни сонот.