Еден од најдобрите светски пливачи на денешницата, Американецот Рајан Лохти има огромна поддршка од навивачите на секое натпреварување, а тој уште еднаш покажа дека умее да им се оддолжи.
Откако си го сруши сопствениот светски рекорд на 200 метри мешано, Лохти израдува еден свој млад навивач. Тој му го подари медалот на 9-годишниот Арда Чакмак.
По напуштањето на базенот Лохти им објасни на новинарите зошто го сторил тоа.
„Кога бев мал, побарав автограм од една голема олимписка ѕвезда. Нема да му го споменам името, но тој ме одби. На моите родители им реков дека ако јас сум на таа позиција, никогаш нема да го сторам тоа."
„Една од причинита заради која се натпреварувам, се моите фанови и затоа секогаш сакам да им возвратам. Ако си го задржев медалот тој ќе завршеше во некоја од моите фиоки помеѓу чорапите. Ако го дадам на некој од моите обожаватели тогаш медалот ќе има поголема вредност", изјави Лохти.