Ваква бизарна случка до сега не била забележана во спортот, а ни доаѓа од Англија каде членот на рагби екипата Кардиф Блус, Џејсон Товеј не можел да поверува поради каква причина нема да може да отпатува на денешниот натпревар против француската екипа Тулун од Франција во рамките на Хајнекен Купот.
„Бастер секогаш ми ги гризе предметите дома, но вообичаено чорапите и чевлите. Кога видов како изгледа пасошот не верував дека ќе можам да ја преминам пасошката контрола на границата. Се плашев да му кажам и на тренерот и искрено не верував дека некој може да ми поверува дека ми се случи ова" – изјави Велшкиот рагби играч.
Товеј кој е редовен стартер во екипата на Кардиф, нема да може да им помогне на своите соиграчи на гостинскиот меч и е приморан да го следи натпреварот пред малите екрани. Неговиот лабрадор му направи и дополнителен трошок од 100 фунти кои ќе треба да ги потроши за нов пасош. 23 годишниот рагби играч вети дека новиот патнички документ ќе го чува далеку од гладната уста на Бастер.