Разно

Девојчињата доминираат во Лондон

Најинтересните приказни од Олимписките игри во Лондон повторно ни доаѓаат од базените каде до вчера главна вест беше 16-годишна пливачка од Кина, а денес 15-годишно девојче од Литванија стана најмладата освојувачка на златен медал во базен.

Најлошите церемонии на отворање

Британците направија вистински спектакл при отворањето на Олимписките игри во Лондон, но не секогаш вакви церемонии поминувале во најдобар ред. Ова се најлошите церемонии на отворање:

Олимписка ТВ програма

Следете го распоредот на Олимписката програма на МТВ 1 и Eurosport и не пропуштајте ниту еден интересен момент од Олимпијадата во Лондон.

Ве молиме не твитајте и не праќајте пораки

Организаторите на Олимписките игри ги замолија гледачите кои во живо ги следат натпреварите да не испраќаат пораки и да не твитаат затоа што преоптоварената мрежа го нарушува ТВ преносот.

16-годишно девојче побрзо од Лохте

Малото девојче од Кина го привлече вниманието на целиот свет откако го освои златото со време за нов светски рекорд во дисциплината 400 метри мешано, но нејзиниот успех е уште поголем ако се знае дека таа е побрз и од машкиот шампион.

Родителска реакција

Не е лесно да си родител на натпреварувач на Олимписките игри во Лондон. Погледнете ја само реакцијата на родителите на американската гимнастичарка Александара Рајсман. На крајот мајката можеше да си дозволи да испушти едно "Fuck".

Злато и светски рекорд за Волмер и Ван дер Бург

На вториот ден од Олимписките игри во Лондон беа распределени медалите во 14 дисциплини, а срушени се уште два светски рекорди. Американците ги напаѓаат Кинезите на врвот на листата на освојувачи на медали.

Едвај довесла, но ги собра овациите

Пред 12 години на Олимпијадата во Сиднеј го имавме „Ерик јагулата", а оваа година својата слава ја стекна веслачот од Нигер.

Влезници распродадени, а салите во Лондон празни

Билетите за некои настани за кои има голем интерес кај гледачите веќе одамна се распродадени, но многу седишта останаа празни за време на првиот натпреварувачки ден на Олимписките игри во Лондон.

Кинезите растурија на првиот ден во Лондон

По првиот натпреварувачки ден на Олимписките игри во Лондон, спортистите од Кина освоија четири златни и два бронзени медали и соборија еден светски рекорд.

Доделени и првите медали во Лондон

На првиот ден по отворањето на Олимписките игри во Лондон веќе започна и распределбата на медали.

Неуспешно деби на Марко Блажевски

Започнаа натпреварите за македонските спортисти на Олимписките игри во Лондон, а на стартот, Марко Блажевски во трката на 400 метри мешано исплива под своето најдобро време.

Слепиот олимпиец постави нов светски рекорд

Ако денот по утрото се познава, тогаш на Олимписките игри во Лондон ќе бидат срушени многу рекорди. Игрите уште не се ни официјално отворени, а веќе се поставени два нови светски рекорди.

Важно е да се учествува

Во пресрет на Олимписките игри во Лондон, да се потсетиме на Ерик Мусамбани од Екваторска Гвинеја.

Најдобрите палења на Олимпискиот оган

Првиот олимписки оган бил запален на игрите во Амстердам во 1928-та година и од тогаш овој чин претставува наголемиот спектакл на отворањето на Олимписките игри. Во исчекување на вечерашниот спектакл, да погледнеме неколку од најдобрите палења на олимписките пламени во историјата.

Конечно нека почнат!

Денес и официјално започнуваат Олимписките игри на кои 10.500 спортисти од 204 држави, 150.000 кондоми... овие факти веќе сигурно ви станаа досадни. Ај да научиме нешто ново.

Пјер де Кубертен се превртува во гроб

Замислата на таткото на модерните Олимписки игри во 1896-та година била дека жените треба да се во публика и да им аплаудираат на спортистите. Тој сигурно ни во сон не помислил дека на едни Олимписки игри во иднина би можеле да се натпреваруваат 4.847 жени.

Нашите немаат за патики, а некои имаат приватни авиони

За разлика од нашите олимпијци кои тренираа со скинати патики и тренерки стари осум години, некои олимпијци имаат милиони на своите сметки и во Лондон ќе пристигнат со приватни авиони.

Каде се парите?

Во повеќето спортови голем дел од парите одат за договори на играчите, но и како награди за најуспешните. Инфографиков покажува како се распределуваат парите во десетте највредни спортски настани.

Елегантна ласта

Џиткањето во вода може да биде и многу поелегантно од обична ласта или „бомба“ со прксање вода на сите страни. Натпреварите во синхронизирани скокови во вода се вистинска уметност.

Лондон 2012: Упс, извинете

Уште не се ни официјално започнати, а веќе се случија три големи гафови од страна на организаторите на Олимписките игри. Што ли ќе биде до крајот?

Како се градеше селото

Олимпиското село во Лондон започна да се гради во 2008-та година. Во него има 17.320 кревети, а по завршувањето на Олимписките игри, селото ќе се претвори во станбен комплекс. Погледнете како се одвиваше изградбата на целиот комплекс.

Вака нека биде и во Лондон

Не дека Олимписките игри во Лондон ќе бидат досадни, ама сигурно ќе биде поинтересно ако повремено има и по некој ваков настан.