Прворангираниот тенисер на АТП листата во финалето на завршниот турнир во Лондон го победи шампионот од минатите две изданија.
Роџер Федерер тргна со 3:0, но Ѓоковиќ веднаш возврати, за потоа да го освои првиот сет во тај-брејк со 8:6.
Федерер повторно почна подобро во вториот сет и поведе со 2:0 и го одржуваше водството до 5:3, но потоа повторно на сцена стапи Ѓоковиќ и го доби мечот по два часа и 13 минути игра со 7:6 (8:6), 7:5.
Освен големиот пехар и 1.300 поени, Ѓоковиќ со оваа победа заработи и 1,76 милиони долари.