Трагичната борба помеѓу 23-годишниот Ким Дук-Ко и 21-годишниот Реј „Бум Бум" Мансини се одржа на 13 ноември, 1982-та година. Мансини важел за голем фаворит, но Ким бил до толку самоуверен што пред тргнувањето за САД пред новинарите во Кореја се појавил со ковчег кој го наменил за неговиот противник.
Борбата била брутална. Цели 13 рунди двајцата боксери водели израмнета борба, а нивните лица биле потечени и тие едвај гледале.
На почетокот на 14-та рунда Мансини зададе удар со кој го нокаутираше Ким. Кореецот се обиде да стане, но судијата Ричард Грин ја прекина борбата.
Ким Дук-Ко колабираше во својот агол и веднаш бил префрлен во болница. По четири дена во кома, Ким почина на 17 ноември.
Четири месеци подоцна, мајка му на Ким се самоубила пиејќи пестициди, а неколку месеци подоцна својот живот си го одземал и судијата Грин.
Реј Мансини долго време по борбата бил во депресија, а минатата година го запозна и синот на Ким кој се родил во 1983-та година. Сопругата на корејскиот боксер била во вториот месец од бременоста кога се одржала трагичната борба.
Оваа борба го промени спортот. Светскиот боксерски совет веднаш донесе одлука за кратење на борбите од 15 на 12 рунди и задолжителни медицински тестови пред секоја борба.