Разно

Хомосексуалците поуспешни од стрејт олимпијците

Само 23 олимпијци беа декларирани хомосексуалци, но 10 од нив се закитија со медали. Процентуално гледано, геј олимпијците освоиле шест пати повеќе златни медали од стрејт натпреварувачите на Олимписките игри во Лондон.

Кинезите го исценирале „најолимпискиот момент“

Се сеќавате на „најолимпискиот момент на Олимпијадата"? Епа Кинезите знаеле дека Лиу Ксијанг е повреден и имале однапред подготвено сценарио за целата ситуација.

Велосипедската легенда остана без титули

Еден од најдобрите велосипедисти на сите времиња, седумкратниот шампион на велосипедската трка „Тур де Франс", Ленс Армстронг објави дека се повлекува од борбата против обвинувањата за допинг.

Олимписки лудории

Еуроспорт редовно не расположува со нивната емисија „Ватс", а овој пат ги собраа сите лудории од Олимписките игри во 34-минутно видео.

Олимписките урнатини во Атина

Освен остатоците од античко време, Атина доби и нови урнатини. Тоа се остатоци од Олимписките игри во 2004-та година. Грците потрошија 15 милијарди долари за организација на оваа Олимпијада, но исто како и Кинезите од Пекинг 2008, не испланирале што ќе прават со дел од градбите.

Напредни хокеарчиња

Младинците од летонскиот хокеј клуб Бауер Селект и руски Локомотив од Јарослав си ги одмерија силите два пати во рок од два дена. А под „одмерување на силите“ подразбираме ќотек.

Денот на Болт

16 август е посебен ден за Усеин Болт. На овој ден во 2008-та година на Олимписките игри во Пекинг тој го собори тогашниот светски рекорд, а по точно една година постави ново најдобро време на трката на 100 метри.

Не сите Срби ги сакаат медалите од Југославија

На оваа тема веќе пишувавме поопширно, а сега и српските медиуми ја нападнаа министерката за спорт заради оспоруваното присвојување на медалите од поранешна Југославија.

Лондон 2012 на социјалните мрежи

За време на Олимписките игри најмногу се пишувало за Болт, најинтересен спорт за дискутирање бил фудбалот, најспоменуван бренд бил Мекдоналдс, а најкористен телефон бил Самсунг Галакси С3. Инфографик за целосното претставување на Олимпијадата на социјалните мрежи.

Да беше ова олимписка дисциплина

...ќе имаше многу македонски мажи кандидати за злато.

Се продава македонското знаме од Лондон

Организаторите на Олимписките игри во Лондон смислија решение за да се справат со вишокот облека и опрема од Олимпијадата. Сите непотребни работи се ставени на аукција, а помеѓу нив е и македонското знаме кое нашите олимпијци го носеа на церемонијата на отворање на Олимписките игри.

Розов прслук како дрес за хокеј тим

Австралиски тим се појави со најчудниот хокеј дрес на натпревар. Хокеарите носеа маички со розови градници како поддршка за кампањата против рак на градите.

Најопасната кривина

Патеката на ридската трка Пајкс Пик во Колорадо ја има можеби најопасната кривина од сите мото-трки. Не за џабе овој дел од ридот го викаат „Ѓаволско игралиште“.

Мистерии од Олимписките игри во Лондон

Решени се сите прашања околу добитниците на медали, пламенот во Лондон е изгаснат, олимпиското знаме му е предадено на Рио де Жанеиро, но останаа нерешени уште неколку мистерии од Олимписките игри во Лондон.

Интересната страна на Лондон 2012

Некој можеби смета дека од Олимписките игри во Лондон ќе останат запаметени само бројките од листата на медали, но тоа не се единствените бројки и факти што оваа Олимпијада ја направија уникатна.

Доминација на САД во Лондон

На листата на освојувачи на медали на Олимписките игри во Лондон се најдоа спортисти од 79 различни држави, а на врвот се натпреварувачите од САД кои освоија вкупно 104 медали.

Американците и Французите ги одбранија титулите

Доделени се сите медали на Олимписките игри во Лондон. Во големите финалиња на екипните спортови, „Дрим-тимот" од САД уште еднаш ја потврди кошаркарската доминација, Французите си ја одбранија титулата во ракомет, Хрватска стигна до првото злато во ватерполо, а Русија со голем пресврт стана олимписки шампион во одбојка.

Болт и пријателите ја менуваат атлетската историја

Штафетата на САД трката на 4х100 метри ја заврши со време еднакво на актуелниот светски рекорд, но за нивна несреќа, на соседната патека трчаа Јамајканците. Болт и пријателите успеаја да ја истрчаат најбрзата трка во историјата и да ја симнат границата под 37 секунди.

Американките урнаа рекорд стар 27 години

Американската штафета на трката на 4х100 метри го собори светскиот рекорд кој го имаа поставено атлетичарките од Источна Германија уште во 1985-та година. На 14-от натпреварувачки ден на Олимписките игри во Лондон беа поставени и два нови олимписки рекорди.

Летечкиот Холанѓанец

Пред 40 години ја имавме Олга Корбут, а на Олимписките игри во Лондон го имаме Епке Зондерланд. Нема потреба да напоменеме дека освои златен медал.

Која е тајната на Јамајка?

Како е можно земја со помалку од три милиони жители во која има само пет атлетски патеки да ги произведува најдобрите спринтери на светот? Која е тајната зад успехот на Јамајка?

Хет-трик за Јамајка и историја за Болт

Ниту еден спринтер во историјата на Олимписките игри ги нема одбрането златните медали на 100 и 200 метри. Тоа му успеа на најбрзиот човек на денешницата, Усеин Болт.

Девојката со цветот

Алисија Монтано ја истрча вчерашната квалификациска трка на 800 метри со цвет во косата. Не и е прв пат, односно така трча на секое натпреварување, а има и причина за тоа.

Моќта на една стотинка

За една стотинка светлосен зрак патува 3.000 километри, гепард се придвижува 20 сантиметри, Земјата се врти пет метри околу својата оска, Усеин Болт поминува 10 сантиметри, а многу спортисти за тој еден стотти дел од секундата ги губат своите медали.