Најпознатиот стриптизер конечно ќе се облече

Марк Робертс важи за најпознат "разголувач" на спортските терени кој по многу години занимавање со оваа "дејност" одлучи да се повлече. Во неговото 20 годишно глупирање, тој до сега на јвноста и го покажа телото 519 пати.

Причините за негово облекување се должи на неговата 50 годишна возраст поради што не се чуствува повеќе сигурен дека може да ја "запали" женската популација на терените.

„Не сум бодибилдер или порно ѕвезда и затоа ова го доживувам само како забава. Јас сум обично момче, а да бев некој натпросечен, ќе бев позер", изјави Робертс.

Останатите причини поради кои претстанува со ваквите егзибизии е бунтот кои го кренале неговите деца, но и неколкуте растурени бракови.

Марк до сега во неговите 519 излетувањата на спортските манифестации, 30 пати преноќевал во затвор и платил околу 4000 фунти за казни. Но тоа за него не престанува проблем, затоа што и покрај тоа што е невработен, секој месец заработува по 4000 фунти од рентање станови во Ливерпул.

Неговото тело до сега се прослави на стадионите „Вимблдон", „Вембли", „Аскот", а во 2004 година се соблече во финалето на Супер Бол во Тексас, натпревар кој се пренесуваше на 87 земји во светот.

11 февруари 2013 - 11:32