Оскар Писториус ја убил својата девојка?!

Најпознатиот светски спортист со телесен хедикеп кој настапи и на Олимписките игри во Лондон, Оскар Писториус ја застрелал својата девојка мислејќи дека се работи за провалник.

Полицијата од Јужна Африка соопшти дека безживотно тело на девојка е пронајдено во неговиот дом, но не се соопштени повеќе детали.

Според медиумите, Писторису со огнено оружје ја застрелал својата девојка во главата и раката мислејќи дека се работи за провалник. Тој во моментов е приведен на испрашување во полицијата.

Најпознатиот светски спортист со хедикеп стана прв спортист со ампутација кој настапил на Олимписки игри. Тој ова лето во Лондон успеа да се пласира во полуфиналето на 400 метри, а на Параолимписките игри има освоено 6 златни медали.

14 февруари 2013 - 09:34