Се претпоставува дека вакви натпревари се играле во Англија уште во 12-от век, а традицијата во градот Ешборн од областа Дербишир трае од 1667-та година. Токму и од овој натпревар и од името на областа потекнува и поимот „дерби" кој во Англија и во целиот свет се употребува за дуел помеѓу локални ривали.
Овој натпревар се игра два дена и целта на екипите кои се поделени во зависност од тоа на која страна од реката живеат, е да ја пренесат топката од другата страна и да ја удрат 3 пати во одреден ѕид.
Во овој „спорт" има само неколку правила:
- забрането е убивање
- топката не смее да се пренесува во автомобил или на мотор
- топката не смее да биде скриена во торба или под облека
- забрането е да се игра на гробишта и во двор на црква
- забрането е да се игра по 22 часот