Неколку денови пред Божиќ, тимот Питсбург Пајретс објави дека се блиску до потпишување договор со леворакиот Франциско Лириано. Тој требаше да потпише договор со траење од 2 години вреден 13 милиони долари.
Но Питсбург и Лириано потпишаа договор дури минатата недела и тоа во траење од 1 година и со вредност од само 1 милиони долари.
Причината за ваквиот потег е бизарната повреда која ја заработил Лириано за време на божиќната вечер. Тој сакал да ги исплаши неговите деца кои си играле во соседната соба и удрил со цела сила во ѕидот. Следниот ден тој требал да го потпише договорот, но го одложил летот заради болки во раката. Неколку часа подоцна докторите констатирале скршеница.