Тренерите и докторите тврдат дека начинот на исхрана е еден од најважните фактори за добрата форма, но во тоа не се согласуваат некои спортисти. Ова се најчудните начини на исхрана кај спортистите.
На последниот круг од НАСКАР трката во Таладега, водечкиот Тони Стјуарт ја загуби контролата и предизвика масовен судар во кој настрадаа уште 24 автомобили.
Актуелниот шампион на Формула 1, Германецот Себастијан Фетел е победник на трката за Големата награда на Јапонија на патеката Сузука. На второто место заврши Фелипе Маса, а на пиедесталот се искачи и домашниот возач, Камуи Кобајаши.
Многу пати претходно сме можеле да се увериме дека прославите на голови можат да бидат болни, а тоа го потврди и овој хокеар од младинска лига во САД. Момчето сепак не се вознемири премногу од тоа што излета низ стакло и си продолжи со прославата.
Новак Ѓоковиќ го загуби лидерското место на АТП листата, но и натаму е прв според заработка во 2012-та година. Оваа година тој има заработено 700.000 долари повеќе од моментално првиот светски рекет, Роџер Федерер.
Џош Крибс, членот на Кливленд Браунс беше нокаутиран во „сендвич" од двајца противнички играчи. Целата ситуација изгледаше многу страшно, а останатите играчи почнаа да се молат, но за среќа по неколку минути тој успеа да стане.
Павел Дацјук, членот на Детроит кој заради локаут периодот во НХЛ лигата се врати во Русија, на своето деби за ЦСКА Москва постигна гол со глава, но за жал овој погодок му беше поништен.
Пабло Сандовал од Сан Франциско Џајантс го изведе најдоброто безбол фаќање, а видеово може слободно да се искористи и како реклама за мастики за џвакање.
Олимписките игри во Лондон веќе одамна се завршени, па спортистите се вратија на нивните работни места. За разлика од големите ѕвезди, некои спортисти не се толку среќни и мораат да прифатат секакви работни места за да преживеат и да соберат средства за тренинг.
Олимпискиот комитет на Швајцарија откри двајца „паметни" спортисти кои си нарачувале недозволени средства преку интернет и им изрече суспензии без воопшто и да им направи допинг тест.
Британскиот боксер Мајкл Спрот не можеше да ја прифати одлуката на судијата кој реши да го прекине мечот откако тој беше нокаутиран од Германецот Едмунд Гербер.
Веќе кога немаме англиско, шпанско и германско првенство на ТВ, би ги замолиле нашите телевизии да ги откупат правата за рагби лигата по долна облека (Lingerie Football League). Згодни девојки се тепаат во долна облека. Зарем требаат уште аргументи?
Уште откако пинг понг беше воведен како олимписки спорт во Сеул 1988-та година, Кинезите имаат целосна доминација во овој спорт со освоени 24 од 28 можни златни олимписки медали. Како им успева сериското производство на пингпонгари во Кина?
Доколку влетување на терен пиштол гол беше олимписка дисциплина, тогаш дечково што влета за време на средношколски рагби натпревар во САД сигурно ќе го освоеше златото.
По пет часовна борба во финалето на тенискиот турнир УС Опен, Шкотланѓанецот Енди Мареј го победи Новак Ѓоковиќ со 7:6, 7:5, 2:6, 3:6, 6:2 и го освои својот прв Гренд слем трофеј во кариерата.
Легендарниот велосипедист Ленс Армстронг не доби дозвола да трча на маратонот во Бостон заради доживотната забрана од Американската анти-допинг агенција.