Некои Словенечки медиуми најпрвин јавија дека се работи за самоубиство, но овие информации беа демантирани. Словенечката полиција ја потврди смртта на 53-годишниот Стрел, но соопштија дека смртта не е насилна.
Борис Стрел го освои првиот и единствен златен медал на Светскиот куп со триумфот во Кортина Д'Ампецо во 1981-та година.
Стрел ја заврши кариерата во 1984-та година заради честите повреди, по што се посвети на тренирање на млади скијачи.