Најсмешните и најпристрасните родители во спортот

Разно разни се реакциите на татковците и мајките кога нивното дете ќе оствари некој голем спортски успех или ќе добие критика од тренерот. Последниот пристрасен родител е таткото на голманот на Арсенал, Војчех Шчесни кој го обвини Арсен Венгер за лошата форма на неговиот син.

Таткото на младиот полски голман и чувар на мрежата на „Топџиите" изјави дека на Венгер не смее да му биде жртвено јагне Шчесни поради лошата форма на Арсенал, и дека тој погрешил што го форсирал да игра, затоа што не бил целосно закрепнат од повредата.

Шчесни рече дека го почитува ставот на неговиот татко, но сепак јавно се изјави со образложение дека тоа е лично мислење на татко му, а не негово.

Кој е виновен за лошата форма на Арсенал и дали таткото на Шчесни е во право или не, нема да анализираме, туку ќе ви ги претставиме најинтересните реакции на родителите кои на најприроден и најоргинален начин реагираат за нивните деца додека се борат на спортските терени.

Почнуваме со гримасите на овие двајца горди мајка и татко на Ели Рејзман која беше капитен на американската екипа по гимнастика на Летните Олимписки игри во Лондон. Добро е што е САД го освои златото, затоа што луѓево беа напнати како пред избори.

Најсмешниот лик на минатогодишната Олимпијада кој дефинитивно заслужува медал е таткото на пливачот Чад Ле Кло, кој освои злато и го победи Мајкл Фелпс во трката на 200 метри пеперутка.

На оваа комична листа направивме место и за големата разлика на искажување емоции на родителите додека нивниот син постигнува гол. Се работи За Том Инс, син на познатиот поранешен фудбалер Пол Инс кој погодува за селекцијата на Анлгија до 21 година.

И за крај решивме да ја оставиме мајката боксер која не можеше да трпи како нејзиниот син јаде ќотек во рингот.

25 март 2013 - 14:49