Организаторите на тенискиот Гренд слем турнир во Вимблдон објавија дека го зголемија наградниот фонд за 40%.
Тоа значи дека оваа година вкупниот фонд ќе изнесува 34,4 милиони долари, односно 9,9 милиони повеќе од минатата година.
Ова е најголем вкупен награден фонд во историјата на професионалниот тенис, а победниците ќе добијат по 2,4 милиони долари. Минатата сезона добија „само" 1,75 милиони долари.
Организаторите го презентираа и нивниот план за изградба на покрив над теренот број еден, покрај веќе постоечкиот покрив на централниот терен.
Гренд слем турнирот Вимблдон ќе започне од 24 јуни и ќе трае до 7 јули.