Компанијата AECOM го претстави проектот за изградба на Олимпискиот парк за Олимпијадата која ќе се одржи во Рио де Жанеиро во 2016. година. На површина од 1.200 квадратни километри ќе бидат сместени 15 спортски центри, а дел од проектот е и изградба на 7 нови арени.
Со овој пожртвувачки скок кој на крајот се покажа како успешен, бејзбол јунакот Џош Доналдсон не потсети на будалиот Денис Родман кој леташе во публиката само за да го зграпчи баскетот во раце.
Во стилот „Слога тепа Вардар, Вардар тепа Звезда, Слога светски шампион", Серена Вилијамс ги има победено сите машки и женси тениски легенди во последните години затоа што како деца го победила Енди Родик.
Скот Диксон прв помина низ целта на Инди Кар трката во Калифорнија, но официјалните лица му ја одземаа победата по казната која ја заработи заради инцидентот во пит-стопот кога повреди двајца механичари.
Сигурно се сеќавате на еден од најдобрите детски филмови со спортска тематика „Мали џинови" и финтата која го одбележа крајот на филмот. Истата финта беше употребена и на вистински натпревар.
Јелена Ристиќ, девојката на Новак Ѓоковиќ е најстрастен тениски фан. На секој натпревар ќе ја забележите на трибините како навива, плаче, се нервира, вика или се смее.
И тоа чудо го има. Хокеј под вода. Исто како и во нормалниот хокеј, се бутка пак кон гол, но наместо лизгалки се носат пераи и натпреварувачите мора да го задржат здивот долго време. Спортов постои уште од 50-те години, а досега се одржани дури 18 Светски првенства.
Новак Ѓоковиќ не е ладно типче како Федерер ниту серозно како Надал. Покрај неговите успеси со кои го достигна врвот, тој за разлика од неговите колеги често пати наоѓа време и за многу шеги што го прави посебен и харизматичен тенисер.
Французинот Жереми Јуркевич ја научи лекцијата дека не треба да се почнува со славење пред да се помине целта на Ајронмен трка, затоа што не сите натпреварувачи се фер како Бразилецот Игор Аморели.
Владимир Ткачјов од КХЛ клубот Барс Казањ на егзибициски натпревар во Русија го постигна најневеројатниот гол на хокеј терен од кој ќе ви се сврти во глава.
Хјустон Астрос, клубот со убедливо најлоши резултати во американската бејзбол МЛС лига, не само што е најпрофитабилна екипа во 2013. туку ќе стане и најпрофитабилна екипа во историјата на овој спорт.
Ништо не те спасува кога за противник ја имаш Серена Вилијамс. Американката ја растури Франческа Скиавоне со 6:1 6:0, па таа мораше да се утеши со прегратка од еден од момците кои ги собираат топчињата.
Ред Бул го држи рекордот за најбрз пит-стоп во Формула 1 со траење од 2,05 секунди, а во следното успорено видео ќе можете да видите што сè прават нивните механичари за тие две секунди.
Нормален работен ден за еден возач на тркачки автомобили кој при оваа ситуација искулирано постапи како секој ден да му улетуваат галеби во кола за време на трка.
На тениските терени често гледаме удари од меѓу нозе, но овој пат Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро со ваков удар успеа да го лобува и да му земе поен на Николај Давиденко.
Најдобрата француска тенисерка и актуелен носител на титулата од Вимблдон, 28 годишната Марион Бартоли го шокираше тенискиот свет и реши да стави крај на својата кариера.
Добрите резултати и големите ѕвезди не беа доволна причина за публиката да дојде во голем број на стадионот Лужники каде се одржува Светското атлетско првенство. Московскиот стадион зјае празен, а организаторите се правдаат со големата горештина.
Во досегашниот тек на Светското атлетско првенство во Москва не беше срушен ниту еден рекорд, а постојат неколку светски рекорди што сигурно нема да бидат срушени на ова првенство, ниту во блиска иднина.