Според документот за наследство кој го потпишал Михаел Шумахер парите во износ од една милијарда евра им припаѓаат на неговата сопруга, како и на неговите две деца, а тоа се верува дека го сторил по големата несреќа со мотор во Шпанија која му се случи во 2009 година.
Германскиот поранешен светски шампион во Ф1 се наоѓа во кома од 29 декември откако за време на скијање на француските алпи имаше тежок пад на кој заработи сериозни повреди на главата, по кои се уште не е позната неговата иднина.
Според најновите информации неврохирургот Андреас Џигер даде шокантни изјави во јавноста и рече дека постои можност тој да остане во кома до крајот на животот.
Стравувањата се дека Шумахер може да има и оштетување на црниот дроб, атрофија на мускулите, парализа, проблем со говорот, но и промени во карактерот.