Разно

Офсајд лик: Габигол

Да заиграш во Серија А на 20 години, да те платат 30 милиони и на крај да речеш дека ти треба добар одмор, а си дремел цела сезона на клупа треба стварно да си многу свилен. Ајде дете во нашата омилена рубрика.

Браво за кошаркарите и фудбалерите

Во сета оваа ракометна треска се појавија и двајца дунстери на кои спортот по се изгледа им е мистерија. Тие што не пратат спорт, обично велат ја појма немам од спорт, ама па не се решиле ниту да го постават најпростото прашање. Во кој спорт се натпреварува Рк Вардар?

Која е малата и безобразна Латвијка во полуфинале на Ролан Гарос

Со големиот триумф над Каролина Вознијацки (12-та во свет), 47. тенисерка на светот Елена Остапенко стана првата Летонка која што стигнала до полуфиналето на славниот Гренд слем турнир во Париз.

Благодарам Вардар!!!

Ова е една од оние колумни коишто цел живот сонуваш да ги напишеш, а кога ќе седнеш на тастатура ти се тресат руки и ти течат солзи радосници од возбуда.

Влатко убаво да си поминеш во Грција

По осум месеци типување и надмудрување, заврши четвртата сезона на Типстер. Ги имаме добитниците на четирите подароци кои успеаа да се издвојат на врвот по крајот на долгата сезона.

Најтажната сцена во историјата на Ролан Гарос

Да, Хуан Мартин Дел Потро дефинитивно е еден од најголемите спортисти на денешницата. Људина!

Лукоил шампион на Бизнис Лигата на Македонија

Со победа од 6:4 над ЈСП, златниот медал во овогодишната сезона во Бизнис лигата отиде кај екипата на Лукоил. Во борбата за трето место Рамстор го совлада ЕЛЕМ.

Главниот херој на Ролан Гарос што гледа во небото

Американскиот тенисер Стиви Џонсон неодамна останал без неговиот најголем идол во животот - неговиот татко, кој починал на сон пред неколку недели. Сега на Ролан Гарос игра во негова чест, победува и жали.

Нулта толеранција на бејзбол во Америка

Напаѓачот Хантер Стрикланд добил суспензија од шест меча од клубот Сан Франциско Џајнтс, а тој што беше нападнат, Брајс Харпер добил четири меча од својата франшиза Нејшналс.

Две лакрдии на Ролан Гарос

Прво синоќа 21-годишниот француски тенисер Максим Аму кој е 287-ми на АТП листата демонстрираше животински нагон со водителката Мали Томас, а синоќа и друг француски тенисер правеше циркус.

Циркусот Мејведер - Мекгрегор го упропастува боксот

Еден од најголемите боксери во историјата, олимпискиот златен медал Оскар Де Ла Хоја вели дека секојдневниот панаѓур што го прават Флојд Мејведер и Конор Мекгрегор пред нивниот меч, сериозно го нарушува угледот на овој витешки спорт.

Champion: Линија на спортска облека за нескротливите

Новата спортска линија е идеална за активни и нескротливи жени кои редовно тренираат, а сакаат да изгледаат опуштено истакнувајќи го својот уникатен стил.

Перо Антиќ и другите Македонци кои стапнаа на врвот на Европа

Куса е листата на македонски спортисти кои можат да се пофалат дека станале клупски европски прваци во својата кариера. Се работи само за шестмина, но затоа кој од кој по име, сите великани, а Перо рекордер.

Рамстор воден од многубројната пубила ја совлада Систина за Ф4

По пласманот на Лукоил и Трансмет, во полуфиналето од Бизнис лигата на Македонија влегоа и екипите на Рамстор и ЕЛЕМ.

Во пенал завршница ЈСП го совлада Трансмет

Екипите на Лукоил и ЈСП се првите полуфиналисти во Бизнис лигата на Македонија откако во првата нокаут фаза ги елиминираа Пекабеско и Трансмет.

Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola донираат паркиралишта за велосипеди на Градот Скопје

Основната цел на проектот е промоција на физичките, спортски и рекреативни активности, но и грижа за животната средина и намалување на сообраќајниот метеж во градот.

Болт и Пандев со коментар на Калински

4.469 луѓе досега се потпишаа на петицијата во која се бара кралот на спортското коментаторство да го коментира финалето од ЛШ во Кардиф. Финалето на 3 јуни без него нема да биде финале. Кус и убав пресек со гласот на Калински и неколку факти за него.

Осврт на 21. коло од Бизнис Лигата на Македонија

Александар Божиков со 7 гола е најдобар стрелец во 21. коло од Бизнис лигата на Македонија, а за екипа на колото е прогласена ЕЛЕМ.

ЕЛЕМ со одлично второ полувреме до победа над Лукоил

Само екипата на ЕЛЕМ успеа да излезе како победник во третиот ден од 21. коло во Бизнис лигата на Македонија. Другите две средби завршија без победник.

Го сакаме Калински на бис во финалето од ЛШ во Кардиф

Почна со натпреварот Тетекс - Дубочица во Тетово во 1977-та, заврши 40 години подоцна со Реал – Атлетико во студиото на МТВ. Тајната во коментирањето на Калински лежи во неговиот магичен глас со кој на ист начин може да ви долови одбојка во школо и финале на Светско првенство во фудбал.

Последниот пренос во кариерата на Златко Калински

Бардот на македонското спортско новинарство, Златко Калински на вечерашниот дуел меѓу Атлетико Мадрид и Реал, за последен пат беше во коментаторското столче затоа што после 42 години професионална кариера, заминува во пензија. Му посакуваме мирно и ведро пловење во пензионерските денови. Заслужи!

Ракометниот камп на Кире Лазаров добива интернационален карактер

Во овој камп веќе две години по ред доаѓаат деца од Македонија, од регионот, но и веќе оформени играчи, кадетски, младински репрезентативци од Ирска, Данска и други земји за да ги надоградат своите знаења и да ги усовршат своите вештини со квалитетни тренери.

Ѓоковиќ и пожарникарите во Мадрид

Неколку часа откако стигна веста дека Андре Агаси ќе му биде нов тренер на Новак, Србинот решил да прошета низ улиците на Мадрид и налетал на пожарникарската екипа (bomberos) која што се сликаше со него и му подарила шлем. На АТП турнирот во Мадрид, Ноле утре од 12 часот игра против Алмагро во 1/16 финалето.