Макпетрол со пресврт до победа над Уника
Макпетрол 7-5(3-4) Уника
Макпетрол: Марко Костенцовски 8’ 24’ Мишо Ѓоргиевски 9’ 11’ 31’ Мартин Дејановски 35’ Илчо Филиповски 38’
Уника: Бенјамин Граинца 4’40’Арбен Нухиу 5’14’ Бесими Нухиу 10’
Возбудлив натпревар во високо темпо на игра одиграа екипите на Макпетрол и Уника, на стартот на натпреварот двата тима се одредија за офанзивен фудбал што резултираше со прекрасни акции и прекрасни погодоци. Во првото полувреме екипата на Уника беше поконкретна и успеа ова полувреме да го добие со резултат од 3-4. Во вториот дел друга слика, екипата на Макпетрол тргна во жестока офанзива и преку расположениот голман-играчЃоргиевски кој постигна три погодоци успеа да направи целосен резултатски пресврт. До крајот на натпреварот екипата на Уника се обидуваше резултатски да се врати во игра но екипата на Макпетрол умешно го чуваше своето водство до самиот крај на натпреварот кој го доби со резултат од 7-5.
Матрикс убедлив во дуелот со Уни Банка
Матрикс 8-2(5-0) Уни Банка
Матрикс: Мирко Богески13’ 18’ Драган Брњарчевски14’Ивица Алампиоски25’ Дарко Насевски18’ Петре Даиловски23’ Дарко Цветковски31’ Антонио Богдановски 32’
Уни Банка: Ѓорѓи Пецевски 37’ Александар Кузинаков 39’
Првата фаза од натпреварот помеѓу Матрикс и Уник Банка помина во мирен ритам на игра без многу шанси за погодок и на двете страни, двете екипи се фокусираа на игра во одбраната и со удари од далечина се обидуваа да го отворат резултатот. Како одминуваше времето екипата на Матрикс започна со својата препознатлива игра и изврши жесток притисок кон противничкиот гол, што резултираше со 3 погодоци од 13та до 15та минута. Матрикс до крајот на полувремето успеаа преку контра напади да реализираат уште два погодоци па на паузата заминаа со солидна предност од 5-0. Во второто полувреме екипата на Матрикс продолжи во ист ритам и имаше целосна контрола врз резултатот и играта, екипата на Уни Банка во овој натпревар и покрај сите обиди со чести ротации не успеа да најде против-игра за денес расположената екипа на Матрикс која го доби овој натпревар со убедливи 8-2.
Вип во финишот до победа над Сава Осигурување
Вип 6-4(3-2) Сава Осигурување
Вип:Мартин Ангеловски 6’ 16’ Иле Никодиновски 18’25’ Мартин Тодоровски 40’ 40’
Сава Осигурување: Ивица Минов 14’19’ 34’ Андреј Китановски 29’
Во првото полувреме од натпреварот помеѓу екипите на Вип и Сава Осигурување видовме жестока борба за секоја педа од теренот без многу шанси за погодок. Сепак во таквата игра екипата на Вип успеа да искористи кикс во одбраната на Сава Осигурување и во 6та минута преку Ангеловски го отвори резултатот, по овој постигнат погодок двете екипи го подигнаа темпото на игра, а екипата на Сава Осигурување беше таа која се префрли на противничката половина вршејќи притисок кон голот на Вип со цел да дојде до израмнување што се реализираше во 14та минута од натпреварот. До крајот на полувремето екипата на Вип успеа да ја врати резултатската предност со два погодоци и на полувремето се замина со резултат од 3-2. Во второто полувреме двете екипи продолжија со високо темпо на игра, на стартот на полувремето екипата на Вип успеа да постигне погодок и да го зголеми водството од полувремето. По овој примен погодок екипата на Сава Осигурување направија промена во тактиката внесувајќи голман играч и до 34та минута од натпреварот успеаа да ја анулираат предноста на Вип и да го внесат натпреварот во неизвесна завршница. Во ваквата завршница екипата на Вип успеа да реализира и да дојде до бодовите со резултат од 6-4.