Тајсон и Холифилд ќе боксуваат по трет пат, арапски шеици даваат 200 милиони фунти

Пријателот на Мајк Тајсон, Зеб Џуда соопшти дека преговорите меѓу двата тима на поранешните светски шампиони траеле неколку месеци и дека конечно е потпишан договор за меч.

Сите дилеми околу третиот меч меѓу бокс легендите Тајсон и Холифилд се решени, откако група шеици од ОАЕ решила да биде организатор на мечот. Мајк и Евандер ќе добијат 200 милиони фунти за борба.

За време на пандемијата, кога практично нема големи бокс мечеви, Мајк Тајсон реши да ја реанимира кариерата - цели 15 години откако се пензионираше. Легендата на 28 ноември 2020 во Лос Анџелес боксуваше со Рој Џонс и покажа дека и на стари години е во одлична форма.

„Железниот Мајк“ ги изненади не само своите навивачи, туку и самиот себе - за 8 рунди покажа сериозна физичка подготвеност.

Мечот заврши нерешено по судиска одлука но тоа не значеше ништо за гледачите. Преносот pay per view го купиле речиси 1 милион луѓе, а организаторите заработиле околу 50 милиони долари. Тие бројки покажале дека Тајсон и натаму е интересен за јавноста и уште е апсолутна главна ѕвезда на боксот.

Мајк по борбата со Рој Џонс изјави дека би сакал по трет пат во животот да се бори против најголемиот ривал во кариерата- Евандер Холифилд.

„Трета борба со Холифилд? Да, средствата за хуманитарна помош кои би ги собрале, тоа е навистина потребно. Можете да нè замислите во ринг мене и Евандер повторно? Слушнете во светот има многу луѓе на кои им е потребна помош. И со такво шоу реално може да помогнеме“, рече Тајсон.

Евандер ја прифатил фрлената ракавица:

„Веќе почнавме преговори со Тајсон, ќе се одржи и трета борба. Моите промотери често преговараат со неговиот тим, чекаме решение. Спремен сум за тоа, знам дека ќе се одржи тој меч. Проблем со физичка подговеност немам, се чувствувам одлично.

Сигурен сум дека Мајк ќе се согаси, оваа борба би донела 200 милиони долари. Навивачите ќе гледаат епска битка, сериозно ви велам. Среќен сум ако Тајсон боксува со мене“.

А пријателот на Мајк Тајсон, Зеб Џуда за британските медиуми рекол дека договорот е потпишан.

„Борба ќе има, се е договорено. Мајк Тајсон против Холифилд, трет дел. Мене ме интересира се за тој дуел. Договорот е потпишан, Мајк и Евандер тренираат секојдневно. Двајцата се веќе во ринг за да се спремаат. Ќе биде одлична трета борба“.

22 ГОДИНИ ОД ЛЕГЕНДАРНАТА БИТКА КОГА ТАЈСОН ГО ГРИЗНА ХОЛИФИЛД ЗА УВО

ЗЛАТНИ КАДИ, БЕНГАЛСКИ ТИГРИ, НАЈСКАПИ КОЛИ - КАКО ТАЈСОН ПЕПЛОСАЛ 700 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

ПРИКАЗНАТА ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ПРЕВАРАНТ И БОКСЕРСКИ ПРОМОТЕР ДОН КИНГ

10 февруари 2021 - 13:40