Србија ја разби Хрватска во финале за ново олимписко злато

Ватерполистите на Србија трет пат по ред се олимписки шампиони откако попладнево ја совладаа Хрватска 13:11 во големото финале во Париз.

Во мега спектаклот одигран пред полни трибини, вечните ривали и едни од најтрофејните селекции на сите времиња, Србија и Хрватска одиграа спектакуларен меч.

Србија славеше 13-11 во дуел кој имаше сè. Мајстории, прекрасни голови, изградени акции, тешки дуели и голема борба. 

Србија одлично го стартуваше натпреварот и стекна убедлива предност уште во првата четвртина која што ја доби 5-2. Хрватска делуваше прилично деконцентрирано за разлика од претходните натпревари на кои од старт ги надигруваше противниците.

Но Хрватска незалудно важеше за еден од фаворитите за злато, па следните два периоди ги одигра во егал. Србија влезе со пристојна предност во последниот период но не дозволи ривалот да се врати.

Најефикасен на мечот и најдобар играч на натпреварот беше Милош Чук со три гола, Никола Дедовиќ и Никола Јакшиќ. Кај „коцкестите“ најдобар стрелец во финалето беше Јерко Мариниќ Крагиќ.

Ова е трето олимписко злато за српското ватерполо кое направи успешна смена на генерација и уште доминира во овој спорт.

Натпреварот за трето место и бронзен медал го добиja САД кои беа подобри од Унгарија.

11 август 2024 - 16:47