Големата победа се случи во претквалификациите за ЕП 2012. Покрај Англија, во група ги имаа Грузија и Естонија, а задачата беше многу тешка бидејќи за пласман во главните квалификации имаше место само за првиот во група.
Но во спортско рекреативниот центар Кале капитулираа сите три селекции за четири дена и Македонија заврши прва. Убави спомени се ова и уште погледливи кога ги коментираат наши коментатори.
Прво одиме со Македонија – Англија 3:1. Распали Ранготов од слободен удар, кој потоа ќе го запечати триумфот, а вториот гол е дел на Левески од контра.
Македонија - Естонија 6:2
Македонија - Грузија 2:1