Најдарежлива земја веќе неколку Олимписки Игри по ред е Сингапур. Оваа азиска држава на своите олимпијци кои дома ќе се вратат со златен медал околу вратот ќе им даде 792.000 американски долари!
Ова е една од најголемите премии за олимписка репрезентација. Притоа за освоено сребро сингапурски олимпијци ќе добијат огромни 395.000 долари а 197.000 долари за сребро.
Страшно дарежлив е и Хонг Конг кој на промоција на спортот работи со тоа што ги премира своите златни медалисти со астрономски 768.000 долари, 384.000 долари за сребри и 192.000 за бронза. Хонг Конг досега нема освоено ниту еден медал на Зимски олимписки игри.
Во Европа, пак, златните медали од Полска ќе добијат 211.000 долари, автомобил „Тојота корола“, двособен стан, слика, ваучер за одмор и накит. И сребренети и бронзените медали во Полска добиваат комбинација од многу пари и материјални награди.
Италија како домаќин дава 214.000 долари за златен медал а веќе освои прилично многу злата, 107.000 за сребро и 71.000 долари за бронзен медал.
Во моментов убедливо најуспешна земја е Норвешка со дури 28 освоени медали на Зимските олимписки игри 2026 во Милано и Кортина. Норвежаните имаат 12 злата, 7 сребра и 9 бронзи со простор за уште неколку медали до крајот.
Втора изненадувачи е Италија со 23 медали - 8 злата, 4 сребра, 11 бронзи. САД се трети со 19 освоени медали: 6 злата, 8 сребра и 5 бронзи. Холандија иам 12 медали (6 злата, 5 сребра и 1 бронза). Понатаму следуваат Австрија, Шведска, Швајцарија, Германија, Франција....
2.900 спортисти од повеќе од 90 земји се борат за олимписки медали во Милано и Кортина.