Тенисерот Семјуел Грот од Австралија на турнирот во Бусан, Кореја сервирал со 263 км/ч, но АТП се уште ја нема потврдено оваа брзина. Доколку тие го потврдат овој сервис, тоа ќе биде нов светски рекорд.
Моменталниот светски рекорд го држи Хрватот Иво Карловиќ со 251 км/ч, а се претпоставуваше дека следен кој наскоро ќе ја премине границата од 250км/ч ќе биде младиот Милош Раониќ кој има сервирано со 249км/ч, исто колку и Енди Родик.
Сем Грот е рангиран на 340-та позиција на АТП листата и покрај тоа што сервирал со 263 км/ч, тој го загубил 1/8-финалниот натпревар на турнирот во Кореја.