САД ја укинува декларацијата, Ѓоковиќ најверојатно ќе игра на УС Опен

Убави вести стигнуваат за Новак и за другите спортисти кои немаат вакцинален сертификат односно не се вакцинирани поради што долго време не можеа да стапнат на тло во САД, а сега ќе бидат слободни како претходно.

Американскиот Сенат изгласал укинување на националната декларација за вонредна состојба предизвикана од глобалната вирусна пандемија, воведена на почетокот од 2020-та.

Горниот дом на САД со 68 гласови за и 23 против донел одлука за конечно завршување на вонредната состојба и укинување на декларацијата. Претставничкиот дом исто минатиот месец изгласа со 229 глас за и 192 против за укинување на оваа декларација.

Се очекува претседателот на САД да ја одобри оваа одлука и да стави потпис. Сево ова би значело дека Новак Ѓоковиќ би можел да настапи на турнирите во САД, на мастерсите и на големиот Гренд Слем УС Опен кој се игра од 28 август до 10 септември.

Поради својот став да не се вакцинира против коронавирусот, српскиот тенисер пропушти низа турнири меѓу кои и 2 Гренд Слема. Последни важни турнири на кои не играше беа токму во САД - Индијан Велс и Мајами.

„Политиките поврзани со влезот во САД ги носи Белата Куќа. Ние сме многу надежни дека забраната која што го оневозможува Новак Ѓоковиќ да влезе во САД ќе биде тргната или надмината во блиска иднина. Никакви рестрикции за Ковид не се на сила на УС Опен за ниту еден играч, навивач или друг присутен. Новак еден од нашите најголеми шампиони ќе биде добродојден да се натпреварува на УС Опен 2023“, вели Хаувард Фендрих, првиот човек на Гренд Слемот во САД за Асошијејтед Прес.

Ѓоковиќ скришно му даде 100 евра на дете, ама со причина

30 март 2023 - 09:43