Пред стартот на средбата околу Новак имаше гужва за сликање во која тенисерот скришно му подава пари на едно дете.
Српските медиуми пишуваат дека додека малиот заедно со другарите одел на кошарка, ја нашол надвор платежната картица на Ѓоковиќ, а обезбедувањето дозволило да му пријдат на тенисерот за да му ја вратат.
Новак го почасти со 100 евра, а на видеото се слуша и како им се заблагодарува за гестот.
Го снимија и како реагира на скандирањето на навивачите Косово - Србија.
Delije se dozivaju Kosovo - Srbija, Đoković podigao visoko pesnicu pic.twitter.com/IcsgeZx1xC
— Kalabaster (@KalabasterJak) March 29, 2023