Во среда стартува Индијан Велс а таму нема да игра Новак Ѓоковиќ кој уредно се пријави за турнирот, но не доби дозвола од властите во САД да влезе во земјата затоа што на сила е одлуката невакцинирани лица против Ковид-19 да не можат да стапнат на нивно тло.
Ова ќе биде дури седми турнир кој Србинот го пропушта поради одбивањето да се вакцинира.
Новак Ѓоковиќ пропушти 2 Гренд Слема (Австралија Опен 2021 и УС Опен 2022) каде со евентуални триумфи ќе можеше да го надмине Рафаел Надал на вечната листа по број на освоени Гренд Слем пехари. Српскиот тенисер пропушти и 5 Мастерси: Индијан Велс (2022, 2023), Мајами (2022, 2023?), Монтреал (2022) и Синсинати (2022).
За две недели започнува Мастерсот во Мајами па Новак теоретски има шанси да заигра таму, но само во случај американските власти да направат исклучок со него и да му дадат дозвола (виза) за престој.
Такво барање до американскиот претседател Џо Бајден упатил Рон Де Сантис, најактуелен американски политичар во моментов и потенцијален кандидат за претседател на САД од Републиканската партија.
Имено Де Сантис рекол меѓу другото дека „Ѓоковиќ може да ја помине јужната граница на брод по актуелните правила и дека е неоправдано, ненаучно и неприфатливо да не му се дозволува на господинот Ѓоковиќ да игра. Апелирам повторно да ја разгледате одлуката. Време е да ги ставиме на страна политичките разлики и да му го дадеме на американскиот народ тоа што го сака - дозволете му (на Новак) да игра“.
The only thing keeping Novak Djokovic from participating in the Miami Open tennis tournament is President Biden’s misguided and unscientific COVID-19 vaccination requirement for foreigner travelers.
— Ron DeSantis (@GovRonDeSantis) March 7, 2023
Mr. President – lift your restrictions and let him compete. pic.twitter.com/fFyhNoUV4S