Рударот кој после смена го однел синот на натпревар е хит во САД

Фотографијата од натпревар во американската колеџ кошарка го обиколи светот. Еден од подобрите тимови во оваа лига, Кентаки Вајлдкетс ги има и најверните навивачи меѓу кои се и едни татко и син.

Присутен гледач овековечил сјајна фотографија за односот татко-син кога го сликнал родителот дојден извалкан во опрема за рударење директно од смена.

Познатиот Џон Калипари, легендарниот тренер на Вајлдкетс на својот Твитер профил во коментар над фотографијата напишал:

„Американскиот сон на моето семејство почна во Клаксбург, во рудникот за јаглен, така што оваа фотографија многу ме потсеќа на мојот дом. Она што ми го кажаа е дека овој човек по својата смена брзал дома за да го земе син му и да го однесе на натпревар. Не знам кој е, но имам спремни ВИП влезници за него и неговото семејство“, напиша Калипари на Твитер.

НЕ САКАЛЕ ДА ГО ПРОПУШТАТ МЕЧОТ

Новинарите од овој град брзо завратиле ракави и се пуштиле во потрага. Човекот се вика Мајкл Мекваер а син му Истон. Мајкл работи во рудникот за јаглен кај Апалачиан а на малиот Истон ова му бил прв меч на универзитетска кошарка. За Фокс ова го раскажала сопругата и мајка, Моли.

„Се слушнав со него кога се јави, ми кажа дека нема да има време за туширање зошто ќе пропушти голем дел од мечот со Истон. Купивме карти за да го гледаме овој натпревар, тоа беше прв Колеџ дуел во Кентаки на кој Истон некогаш присуствувал“, рекла сопругата на Мајкл.

А тој додал:

„Имав избор. Или веднаш да одам на мечот или да пропуштам цело полувреме, да одам дома и да се истуширам или да дојдам на време“.

Мајкл следниот ден веќе бил во рудникот и не забележал дека станал вирален светски хит по социјалните мрежи.

1 ноември 2022 - 14:35