Прошталните зборови на Рафаел Надал, за навивачите, семејството, тенисот

По крајот на дуелот против Холандија во Дејвис Купот, претставници од Меѓународната тениска федерација ја започнаа церемонијата во чест на големиот Надал.

На Шпанецот му пуштија видео пораки и обраќања од Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер, Енди Мареј, Серена Вилијамс и Дејвид Бекам.

А потоа Рафа го зема микрофонот и настапи со трогателни зборови додека толпата на трибините громогласно му го скандираше името:

„Добро вечер. Ви благодарам... Ќе почнам со тие кои се тука - навивачите. Мојата професионална кариера траеше 20 години, и вие бевте со мене во добри времиња и ме мотивиравте во лоши времиња. Многу сум благодарен за љубовта на навивачите посебно во Шпанија.

Сакам да ја поздравам селекцијата на Холандија и да ѝ заблагодарам на целата шпанска екипа која ми дозволи да играм во Дејвис Купот. Не испадна така како што сите сакавме. Но ви благодарам за пружената можност.

Сакав да ги проживеам последните денови во професионалниот тенис заедно со репрезентаијата. Преживеав многу важни моменти со луѓето кои се сега тука. Тоа е огромна привилегија, ние многу постигнавме и сега дојде ред за нови радости. Сигурен сум дека ќе дојдат.

Да бидам искрен, ова е момент до кој не сакав да дојдам. Тенисот сака уште, но моето тело веќе не сака да игра и тоа треба да се прифати.

Ми се погоди хобито да ми стане професија. Противниците ми помагаа да направам долга и успешна кариера. На пример Давид Ферер е еден од тие кои се сега тука. И многу други кои не се овде.

Му благодарам на семејството, вие бевте неизбежен дел од мојот живот сите овие години.

Во кариерата имаше и лоши моменти но морам да признаам дека голем дел од неа беше незаборавен и добар. И благодарен сум им на медиумите што беа исто дел од мојата историја.

Им благодарам на сите организации кои го одржуваат тенисот на врвот и привлекуваат маса луѓе во него. Многу го сакам тенисот и никогаш нема да го напуштам, сакам да бидам добар тениски работник. Се трудам за тоа секој ден со уважување и скромност.

За мене е најважно да се биде добар човек и верувам дека ми успева. Заминувам од светот на професионалниот тенис на чиј пат најдов многу добри пријатели. Заминувам со мирна душа зошто оставив не само спортско туку и лично наследство. Ја примам љубовта која ја добивам по целиот свет, љубов која доаѓа не само благодарение на достигнувањата на теренот.

Сакам и последните зборови да ги посветам на семејството кое секогаш беше со мене. Тие беа тука во тешки времиња, а во добри времиња не ми даваа да го кренам носот. Благодарение на тоа во иднина ќе се справувам со се што ме чека.

Спокоен сум зошто сум научен иднината мирно да ја чекам. Спокоен сум зошто имам прекрасно семејство кое ми помага во се.

Титулите и бројките секако постојат. Секако дека луѓето ги знаат. Но би сакал мене да ме паметат како добар човек од мало село на Мајорка. Имав среќа што чичко ми беше тениски тренер, имав семејство кое секогаш ме поддржуваше.

Јас бев дете кое ја следеше мечтата, работев со сите сили за да го постигнам тоа што го постигнав.

И треба да се биде искрен: Многумина работат со сите сили, многумина даваат се од себе секоој ден но јас имав голема среќа. Животот ми пружи прилика благодарение на тенисот да проживеам неверојатни моменти“.

Под голем емотивен набој, Рафаел Надал се прости од тенисот пред своите

 

20 ноември 2024 - 09:02