
Никола Пилиќ бил еден од првите кои ги удриле темелите на Светската тениска организација (АТП). Бил иницијатор на промени кои довеле до професионализација на овој спорт.
Пилиќ како тренер водеше голем број тенисери а најголемиот кој го тренирал во неговата најрана возраст беше Новак Ѓоковиќ.
Во својата кариера Пилиќ успеал како играч или селектор да освои Дејвис Куп со репрезентациите на Србија, Западна Германија на времето и Хрватска.
Тој има девет трофеи сингл и шест одличја во дубл кариерата меѓу кои и она од Грен слем турнирот 1970 на УС Опен во дубл. Најдобро пласиран на АТП листата бил на 6-то место.
Тој се родил во Сплит во 1939-та година. За време на богатата кариера во поединечна конкуренција стигнал еднаш до финале на Ролан Гарос во 1973-та. На Вимблдон играл финале во дубл во пар со Бора Јовановиќ во 1962-ра, а во полуфинале на Вимблдон во поединечна конкуренција во 1967-ма.