Новак Ѓоковиќ наликува на Тајгер Вудс

Поминаа точно 13 месеци од последниот освоен Грен слем турнир на најдобриот српски тенисер кој со формата која ја држи лизна на 4-то место на АТП листата. На БиБиСи можеа да се чујат коментари за време на Вимблдон дека тоа може да се должи на приватни проблеми.

За слабата форма на порашениот светски рекет број 1, зборуваше поранешниот американски тенисер, Џон Мекенро кој е ангажиран како ко-коментаторот на БиБиСи.
 
Тој даде свое видување за слабата форма на Србинот и ги изненади гледачите со споредбата која ја направи со најпознатиот голфер, за кој во јавноста е познат како проблематичен.
„Човекот кој ми доаѓа на ум со Новак не е тенисер, туку е голфер кој се вика Тајгер Вудс. Кога Вудс имаше проблеми со сопругата, изгледаше селосно отсутен и никогаш не беше истиот играч. Почнуваме да се прашуваме, чекајте дали е тоа можно и со него?
Мекенро смета дека проблемите надвор од теренот може да те исфрлат од форма.
„Мислам дека има голема разлика, едно е возраста, друго е здравјето. Мислам дека формата на Ѓоковиќ не е поради физички проблеми, туку поради психички“.

Инаку Тајгер Вудс во животот се соочи со многу спак развод, потоа беше апсен, а за проблемите со кои се соочуваше мораше да користи лекарства.
 
За сега во јавноста нема излезено некој скандал или афера поврзана со името на славниот српски тенисер. Со Јелена имаат син и чекаат второ дете.
 
Останува да видиме како ќе помине на Вимлдон, каде го мина првото коло откако Словакот Мартин Клижан се откажа поради повреда на ногата. Во второ коло ќе се сретне со Адам Павласек од Чешка.
5 јули 2017 - 14:22