На централниот терен на „Род Лејвер Арена“ во втората рунда од АО, Надал во еден момент повика медицинска интервенција поради повреда на абдоменот, а после поразот изјави дека имал и болки во колкот.
Главен судија на мечот беше Србинката Маријана Вељовиќ која важи за една од најреномираните судијки во светот на тенисот. Згодната Крагуевчанка утрово влезе во дискусија со 36-годишниот Рафа Надал.
Во еден момент, додека губеше 4-1 во првиот сет, Шпанецот (36) додека седеше на паузата ѝ се обрати на Маријана која неколку пати го опоменуваше за предолги паузи пред сервис.
Општо е познато дека Шпанецот има своја рутина меѓу поените па често и го пречекорува времето за сервис, па некои судии не му го толерираат ова.
„На секој меч на крајот барем можам да отидам до пешкирот, а со тебе не можам! Секој пат кога сум во брзање, дури и кога сервирам нормално, без пешкир, го гледам часовникот... Пет, четири... Кај тебе секогаш е исто! Кај тебе не е важно, не можам да го земам пешкирот секој пат, иако е тука на крајот од теренот“, викаше бесен Надал.
Раното испаѓање во втора рунда на Австралија Опен е најрано за Рафа Надал на Гренд слемовите уште од 2016-та кога на Австралија Опен испадна во прво коло. Во Мелбурн Шпанецот играше за одбрана на титулата и раната елиминација ќе значи дека губи 1955 бодови и испаѓа од Топ5 на АТП ранг листата.
Неговата сопруга на трибините во Мелбурн емотивно го доживеа поразот на Рафа.
КОЈА Е МАРИЈАНА ВЕЉОВИЌ?
Таа е родена на 24 јануари 1987-ма година во Крагујевац, поседува златен амблеб каков што имаат уште триесетина судии. Првата судиска школа ја завршила во 2008-ма година во Белград во организација на Тенискиот сојуз на Србија. Во 2009-та завршила тениска школа второ ниво и добила бел амблем. Од 2010-та суди на меѓународни турнири, а во 2013-та добива сребрен амблем кој ќе стане златен после неколку години.
Прво големо Гренд слем финале на Маријана и беше во 2018-та во Мелбурн кога го судеше женското финале меѓу Симона Халеп и Каролина Вознијацки.
Маријана беше главна судијка и на финалето на Вимблдон 2019 како и на финалето на УС Опен 2021 и на финалето на Дејвис Купот меѓу машките селекции на Франција и Хрватска.
Chair umpire Marijana Veljovic, just not having it from Federer #ausopen pic.twitter.com/WGq897DJtR
— Ryan Métivier (@ryanmetivier) January 28, 2020
Во својата кариера Србинката имаше неколку препирки со Ник Кирјос и пристојни дискусии со Роџер Федерер.