Вимблдон и официјално стана најголемата тениска „жртва“ на пандемијата со Ковид-19. Првпат еден Гренд слем се откажува после 1945-та година. Цели 74 години Вимблдон, најстариот тениски турнир на светот основан во 1868-ма, со исклучок на периодот на Втората светска војна, се играл без прекин секоја година.
За време на Втората светска војна, бомбардиран бил и Сеанглискиот тениски клуб на Вимблдон. 16 бомби паднале на територијата каде се игра овој величествен турнир.
Во 1940-те години шест бомби паднале на Централниот терен. Штетата била толку голема што кратерите кај трибините требале да се средуваат во првите три години по крајот на војната пред обнова на турнирот.
Сега пандемијата со Ковид-19 ја прекина вековната традиција.
„Со големо жалење соопштуваме дека бордот на Ол Ингланд Лаун Тенис Клуб одлучи да го одложи Вимблдон 2020 поради алармот за загрозено јавно здравје. Следното издание на Вимблдон ќе се одржи од 28 јуни до 11 јули 2021“, стои во соопштението на организаторите.
Додека траела војната, Вимблдон бил користен од армијата, таму биле сместени разни единици, а после некое време го претвориле во фарма каде растеле зелки и се чувало стока: свињи, крави, кокошки, гуски, зајци, патки и магариња.
Инаку официјалното одложување е историско не само во контекст на Вимблдон, туку и за „Гренд слемите“ воопшто: првпат во историјата турнир на вакво ниво нема да се одржи од причина која не е светска војна.
Иако во 1986-та година не се одржал Australian Open но од техничка причина - смена на датумите. До тој момент се играл во ноември-декември, а од 1987-ма година станува прв кој се игра во јануари. Поради тоа паузата меѓу 74-от и 75-от Australian Open траела една година.
„Шокирана сум“, напиша 38-годишната Серена Вилијамс на социјалните мрежи а нејзиниот врсник Роџер Федерер напиша: „Очаен сум. Едвај чекам да се вратам (на Вимблдон) следната година. Ова само право уште повеќе да го цениме нашиот спорт во вакви времиња“.
По Australian Open во јануари и Ролан Гарос во мај, Вимблдон традиционално е третиот Гренд слем во тенискиот калентар. Минатиот месец Француската тениска федерација соопшто дека Ролан Гарос се префрла од планираниот 24 мај на 20 септември, само една недела по завршувањето на УС Опен кој требаше да заврши на 13 септември но најверојатно воопшто нема ни да се одржи.
ФИНАНСИСКИТЕ ЗАГУБИ ОД ВИМБЛДОН ЌЕ БИДАТ ГОЛЕМИ, ПРЕФРЛАЊЕ ЗА НАЕСЕН НЕ БИЛО МОЖНО
Вимблдон 2020 и официјално е одложен на три месеци пред стартот. Организаторите рекле дека немале друг излез затоа што за одржување на најпознатиот Гренд Слем на светот, подготовките треба да почнат уште сега кога никој ни нема појма како ќе се одвива пандемијата со Ковид-19.
Затоа решиле да не ризикуваат. Вимблдон е инаку еден од ретките турнири кој има комисија за ризици и финансии. За оваа комисија Вимблдон плаќа седумцифрена сума. Според проценките, неодржувањето ќе го чини Вимблдон околу 250 милиони фунти.
За разлика од Ролан Гарос, Вимблдон од прва беше одложен а не преместен. Причината е едноставна - на есен кога може да се најде некое слободно место во календарот, легендарната трева на Вимблдон не е погодна за игра. Во Велика Британија во тоа време се зголемува влажноста и ќе биде тешко да се одржуваат терените.
МОЖНО Е ТЕНИСОТ ВО 2020 ВООПШТО ДА НЕ СЕ ВРАТИ
Веднаш по објавата за одложување на Вимблдон, ATP, WTA и ITF објавија заедничко соопштение дека турнирите под нивна закрила нема да се одржат минимум до 13 јули.
Сега вниманието е насочено кон северно-американските турнири на тврда подлога. US Open соопшти дека турнирот најверојатно ќе се игра како што е планирано (18-21 јуни). Сите терени на US Open деновиве беа конвертирани во привремени болници за позитивни случаи на Ковид-19 за кои нема места по болниците во САД.
Организаторот на турнирот во Мадрид каде секоја година доаѓаат најдобрите светски тенисери, категорично рекол:
„Во иднина ќе ни биде страшно да одиме на фудбал дури и во родниот град, а замислете некое место каде има многу луѓе од разни земји, од Азија, од Америка, од Јужна Америка. Треба да се биде реален и да се прифати суровата реалност дека додека не најдеме ефикасна вакцина, ситуацијата ќе биде многу тешка. Мислам дека годинава тенис нема да има“.
Еден од првите големи турнири кои се одложи без приговор, беше Индијан Велс чии организатори уште пред неколку недели соопштија дека тенис кај нив нема да се игра на неопределено време.