Голем број обложувалници го гледаа Махачев како голем фаворит во дуелот со Волкановски од неколку причини. Прво што Александар добил повик за борбава пред само десет дена поради тоа што Бразилецот Оливеира го откажа дуелот со Махачев поради расекотина на лицето на тренинг.
Второ, Волкановски, гладен за предизвик, и во февруари годинава и сега, отиде во поголема категорија, со повеќе килограми, со цел да се бори затоа што во неговата категорија беше неприкосновен шампион.
Но и во февруари и сега Ислам Махачев, другарот од детство на големиот Хабиб Нурмагомедов, беше подобар.
Махачев го нокаутираше Волкановски уште во трета минута од првата рунда со силен удар во глава и веднаш потоа му зададе уште неколку удари после што главниот судија ја прекина борбата. Ова е втора одбрана на титулата за Махачев кој во октомври 2022-та го совлада Чарлз Оливеира, а во февруари 2023-та победи со едногласна одлука на судиите против Волкановски.
I’m in Shock pic.twitter.com/jF2Th9Cl9o
— Heavyweight Thanos (@MMAThanos) October 21, 2023
Дагестанецот сега има учинок од 25 победи и само 1 пораз а за Волкановски ова е трет пораз во УФЦ кариерата.
Во втората борба на вечерта Хамзат Чимаев го победи Усман Камару со одлука на судиите На останатите дуели Саид Нурмагомедов го победи Муин Гафуров а борбата меѓу Магомед Анкалаев и Џони Вокер не беше регистрирана поради забранет удар на Русинот.