Магнус Карлсен се повлекол од сред Светско првенство со порака: „Е**те се“

Најдобриот светски шахист и актуелен првак во рапид и блиц шах Магнус Карлсен (34) се повлекол од Светското првенство поради тоа што организаторите го казниле затоа што се појавил во фармерки и така ги одиграл седмата и осмата рунда. Од Светската шаховска федерација ФИДЕ го предупредиле па го казниле со 200 долари за кршење на кодексот на облекување. Карлсен им одговара: „Можат да ги спроведуваат своите правила, во ред е, а мојот одговор е добро, се повлекувам. Е**ете се!“

Карлсен поради ова ќе остане без светските шампионски титули во рапид и блиц иако и претходно се знаеше дека поради слаби резултати ќе останеше без рапид титула дури и да останел на Светскиот Куп.

Тој порачал дека од Њујорк каде се игра Светското првенство ќе оди во некој крај каде има поубаво време а и објави слика со тоа како бил облечен пред казната:

Триесет и четири годишниот Норвежанин е најдобриот светски рангиран шахист уште од далечната 2011-та година а светски првак е од 2013 до 2023-та. Минатата сезона признал дека нема мотивација да го брани трофејот.

28 декември 2024 - 10:26