Деведесет и едно годишниот Берни Еклстоун повеќе од 40 години со голем успех ја водеше Формула 1, а во 2017-та година ја напушти позицијата извршен директор.
Во емисијата "Good Morning Britain" (Добро утро Британија) ја збунил тамошната јавност со поинаков наратив од вообичаениот во последно време.
На прашање на познатиот водител Бен Шепард дали и натаму е за рускиот лидер, човек за кого Берни често велеше дека му е голем пријател, Еклстоун одговорил: „Да. И натаму би примил куршум за него. Би сакал да не боли, ама сепак би примил куршум. Затоа што е првокласна личност! А тоа што го прави е нешто за што верува дека е добро за Русија“.
Во текот на емисијата, британскиот бизнисмен Еклстоун додаде и дека војната во Украина е грешка и дека мора да се направи сè за да се излезе од неа што поскоро.
А го кажал и мислењето за претседателот на Украина, Владимир Зеленски:
„Како што разбрав, човекот бил комичар и мислам дека сака да продолжи со таа професија, зошто да размислувал малку за работите, сигурно би се потрудил да поразговара со Путин кој е разумна личност и кој сигурно би го сослушал и веројатно би можел нешто да направи во врска со тоа прашање“, вели стариот Еклстоун.
Водителот неколку пати му сугерира дека не може да ги оправдува илјадниците загинати невини руски и украински војници, а Берни вели:
„Не било намерно. Видете само колку пати Америка се пресели во различни земји кои немаат ама баш никаква врска со Америка. Тоа е всушност нивната работа, Американците многу сакаат војни зошто продаваат многу оружје“.
Во 2019-та година Берни Еклстоун за првпат кажа дека е спремен да прими куршим за рускиот претседател Владимир Путин и додаде дека тој е најсилниот лидер во Европа.