Комерцијален текст

Компанијата Џак за спортска опрема стигна и во Македонија

Отворањето на продавницата во Скопје е голем чекор кон нашето постојано усовршување и надградба како и тежнеење да бидеме чесен и поуздан партнер кој секогаш ги поддржува спортските манифестации и младината.

Kомпанијата Џак претставува еден од најголемите ланци на мултибренд продавници за спортска опрема на територијата на Србија. Веќе 20 години, Џак ги нуди врвните колекции од најпознатите светски брендови како Hummel (Хамл), Nike (Најк), Adidas (Адидас), Reebok (Рибок), Converse (Конверс), Puma (Пума), Colmar (Колмар), Speedo (Спидо), Arena (Арена), Joola (Јола) но и мноу други.

Покрај големата понуда на спортски облека и обувки, во нашиот асортиман може да се најде парче спортска опрема за фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и тенис, велосипедизам, пинг-понг, како и многубројни справи за вежбање.

Нашата цел е да им понудиме голем избор на квалитетна спортска опрема на рекреативците од сите воздрасти и спортистите од сите генерации. Веруваме дека клучот за нашиот успех лежи во спојот на долгогодишното искуство и желбата секогаш да бидеме инвентивни. Како корпоративно- друштвено одговорна компанија, ние ги почитуваме локалните и националните вредности, ја промовираме соработката и размената на знаења.

Приказната која започна во Србија сега продолжува и во Македонија. Отворањето на продавницата во Скопје е голем чекор кон нашето постојано усовршување и надградба како и тежнеење да бидеме чесен и поуздан партнер кој секогаш ги поддржува спортските манифестации и младината. Нашата мисија да внесеме здрав дух во секое семејство преку најпопуларните светски брендови ја продолжуваме во Тетово, но задоволувајќи ги сите ваши потреби и градејќи ја меѓусебната доверба, сигурни сме дека нема да застанеме тука. Преку уважувањето на потребите на потрошувачите и квалитетната услуга која секогаш ја нудиме се надеваме дека ќе прераснеме во место кое ќе ги задоволи сите ваши потреби на чекор од нас. Со ведар дух, ќе се обидеме да докажеме дека спортот и рекреацијата се забавни.

19 март 2015 - 18:07