По супер периодот со Европско 2024 и Копа Америка, најбогатото во последните неколку лета ќе биде крунисано со Летните Олимписки Игри во Париз од 23-ти јули до 8-ми август.
Светот ќе биде свртен кон француската престолнина во која за медали битки ќе водат некои од најдобрите светски спортисти.
Секој професионален спортист би ви потврдил дека пат на Олимписки Игри е сонот на секој натпреварувач уште од рана возраст.
За Македонија на Летните Олимписки Игри ќе настапат: пливачот Никола Ѓуретановиќ и пливачката Ева Петровска кои добија вајлд-карта од Светската пливачка федерација (ФИНА). Ѓуретановиќ ќе плива на 27-ми јули во квалификации на 400 метри слободно а Петровска на 2-ри август во трката на 800 метри слободно.
Покрај нив во Париз Македонија ќе ја претставуваат уште и Владимир Егоров (борење, од 5-ти до 10-ти август). Егоров ќе настапи со олимписка А-норма, тој има бронзен медал од Европско првенство 2019 во Будимпешта и златен медал од Европско првенство 2022 во Будимпешта.
Потоа Милијана Рељиќ во таеквондо (од 7-ми до 10-ти август), Еди Шерифовски во џудо (од 27-ми јули до 3-ти август), Анастасија Мојсовска во стрелање (28-ми јули, во дисциплина пукање од 10 метри со воздушна пушка, 60 истрели) и атлетичарот Дарио Ивановски кој трча маратони (ќе настапи на 10-ти август).
Што се однесува до бројот на претставници на земјите од регионов, од поранешна Југославија, состојбата е следна:
Србија - 112 олимпијци (69 мажи/43 жени)
Словенија - 90 олимпијци (46/44)
Хрватска - 73 олимпијци (58/15)
Црна Гора - 19 олимпијци (16/3)
Македонија - 7 олимпијци (4/3)
Босна и Херцеговина (2/3)
Србија на минатите Олимписки Игри во Токио 2021 освои 9 медали од кои три златни. Словенија ќе оди во Париз со рекорден број натпреварувачи на едни Летни Олимписки Игри во нивната историја. Дури 90 спортисти од Словенија ја исполнија олимписката норма.
Хрватска е трета и со 73 олимпијци ќе патува во Франција.
Интересно ќе биде да се следи настапот на чудесната сензација Лана Пудар, млада пливачка од БиХ која направи шоу на Европско првенство.
Што се однесува до останатите од регионов, Албанија ќе даде осум спортисти на ЛОИ 2024, Бугарија 47 олимпијци во 15 разни спортови, Романците ќе имаат 107 спортисти а Унгарија 170 атлети.
**********************************************