Големо истражување на USA Today кое комуницирало со претставниците на повеќе од 40 олимписки комитети покажало дека Србија е земја која најмногу ќе плати олимписко злато од ЛОИ во Париз, пишува Спортклуб.
Српскиот Олимписки Комитет ќе одвои 200.000 евра или 214.900 долари за секое освоено злато во Париз.
Интересно, зад Србија втора е Малезија која за освоен златен медал ќе ги награди атлетите со 212.000 долари, а трет е Мароко со 200.525 долари од златен медал.
Следат неочекувано Италија, Литванија, Унгарија и Украина. Косовскиот олимписки комитет за евентуално злато на нивен олимпиец или олимпијка ќе награди со 100.000 евра или 107.450 долари.
Необично, САД која е олимписка велесила и најчесто ги завршува Летните Олимписки Игри со најмногу одличја, решиле олимпијците кои ќе освојат медал да ги наградуваат со по 37.500 долари што е дури шест пати помалку од она што би можеле да го добијат српските олимпијци.
Србија ќе има, барем за сега 122 спортисти на Олимписките Игри во Париз а постои можност тој број да се зголеми во меѓувреме. ЛОИ се отвораат на 26-ти јули во 19:30 часот со свечено отворање во Париз а ќе траат до 11-ти август.
10 DANA. 112 ❤️ koja kucaju za Srbiju. 🇷🇸
— Team Serbia (@OKSrbije) July 16, 2024
Svaki korak, svaka suza i osmeh, doveli su nas do ovog momenta. Sada je vreme da zajedno ispišemo istoriju. 🏆 #TeamSerbia pic.twitter.com/ugx5913OY0
Ваквиот план на српскиот Олимписки Комитет и српската држава ја поделија тамошната јавност. Некои коментираат како сега се вложува најмногу во спортот од кога и да е во Србија, а други се жалат дека во време кога просечната плата е 820 и нешто евра, вакви астрономски премии од народен буџет се превисоки.