Кои се кралот и кралицата на Олимписките Игри со најмногу злата?

Францускиот пливач Леон Маршан и младата австралиска пливачка Моли О’Калахан се најголемите јунаци на Летните Олимписки Игри во Париз од каде си одат дома со по пет освоени медали!

Леон Маршан, најголемиот хит во Франција и нов најсакан спортист во земјата, со страшни подвизи освои четири злата и една бронза во штафета.

Маршан чиј тренер е Боб Бауман, човекот кој од Мајкл Фелпс направи светска громада и најтрофеен спортист во историјата со 28 медали од меѓународни натпреварувања Мајкл Фелпс освојуваше златни медали во: 200 метри градно, 200 метри пеперутрка, 200 метри мешано, 400 метри мешано и бронзен медал на 4х100 метри штафета мешано.

Постави дури три нови олимписки рекорди на 200 метри градно, пеперудка и мешано! Ваков олимписки подвиг не се памети.

Крализа на Олимписките Игри е Моли О’Калахан, 20-годишна пливачка од Австралија која направи сензационално чудо со дури пет медали од кои 3 злата: на 200 метри слободно, на 4х100 метри слободно и 4х200 метри штафета слободно, освои и сребро во 4х100 мешано и бронзен медал во дисциплина 4х100 мешано.

Моли О’Калахан настапи и на претходните Олимписки Игри во Токио 2021, тогаш како 17-годишна и тогаш освои дури три медали. Денес, таа на 20 години во својата колекција брои страшни ПЕТ ЗЛАТА, едно сребро и две бронзи од Олимписки Игри.

Кај мажите, после францускиот пливач Леон Маршан кој освои дури 5 медали на овие ЛОИ2024, е американскиот пливач Тори Хуске со 3 злата и 2 сребра, исто медали како и Маршан. Кај жените, после Моли О’Калахан се фантастичната американска гимнастичарка Симон Бајлс со 3 злата и 1 сребро како и Кинеската Жанг Јуфеи со 6 медали од кои 1 сребро и 5 бронзи.

Во однос на вкупниот број медали, први се Соединетите Американски Држави (126 медали), Кина (91) и Велика Британија со 65 освоени медали.

Британците се трета најуспешна земја на Летните Олимписки Игри во Париз, но натпреварувачите од Островот кои освоија 14 златни, 22 сребрени и 29 бронзи нема да бидат финансиски премирани. Пари за своите медалисти нема да даваат ниту Шведска (четири злата, четири сребра и три бронзи) ниту Норвешка (четири злата, едно сребро и три бронзи).

Како завршија земјите од регионов на Олимписките Игри?

12 август 2024 - 11:11